Рубрика: Воена техника
Томахавк – со геодезија до полн погодок
Автор: Миле Миленкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Модерните војни се водат со модерно оружје. Во воздушните напади на НАТО против СР Југославија авионите бомбардираа "покриени" од моќните Авакси (AWACS - airborne waring and control system), лансирани проектили од илјадници метри ја "наоѓаат" целта со точност од неколку метри. Меѓу софистицираните оружја кои овозможуваат надмоќ во секоја војна секако се крстаречките проектили кои по исфрлувањето не бараат поддршка или наведување од човекот. Тоа што го "одработуваат" сами е импозантно. Меѓу потребите од развој на вакво оружје е и претпоставката дека во тотална нуклеарна војна ќе постојат подморници и бродови кои ќе бидат во состојба да лансираат проектили со нуклеарно полнење во улога на "слободни стрелци". Бродот или подморницата можат веднаш по лансирањето да бидат уништени, но проектилите испратени од него се незапирливи и "суверени". Најдобриот претставник на ваквите орудија денес е Томахавк (Tomahawk). Не зависи од временските услови, не му е важно дали е ден или ноќ, брз е, прецизен и смртоносен.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.