Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Токму за настани и личности од минатото, кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелниот месец, и сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.
На 2. август 1932 г. официјално е откриен позитронот, античестичка на електронот, од страна на Карл Андерсон. Уште во 1928 година, Пол Дирак во еден свој труд предлага дека електроните може да имаат позитивен полнеж и негативна енергија. Трудот ја воведува дираковата равенка, која ги обединува квантната механика, специјалната теорија на релативноста и тогаш новиот концепт на спин на електроните за да го објасни т.н. зиманов ефект. Трудот директно не го предлага постоењето на нова честичка, но дозволува и позитивен и негативен ефект на електроните како решение. Некаде во приближно исто време, позитронот за првпат директно го набљудуваа и Димитри Скобелцин и Чанг-Јао Чао, но резултатите од нивните истражување не биле сигурни, а феноменот којшто го забележале не бил доистражен. Така останува на Андерсон, 3 години подоцна, да ја открие новата честичка која ја именува како позитрон, за што во 1936 година ја добива Нобеловата награда за физика. Интересно е тоа што Фредерик и Ирен Жолио Кири имале докази за позитрони на стари фотографии пред резултатите на Андерсон, но тие погрешно ги отпишале како протони.
На 10. август 1519 година, португалскиот морепловец Фердинанд Магелан (1480 - 1521) со пет брода испловил од пристаништето на Севиља на своето патување околу земјината топка. Експедицијата на Магелан стана првата екпедиција којашто од Атлантскиот впловила во Тихиот Океан преку преминот што денес го носи името Магеланов Теснец. Оваа експедиција е и првата која го преминува Пацификот и прва што направила круг околу земјината топка. Самиот Магелан настрадал на Филипините во битка со домородното население и не го завршил патувањето. Интересно е тоа што токму на истиов датум, 10.8.1990 година, вселенското летало Магелан на НАСА пристигнува на Венера. Ова летало е првата интерпланетарна мисија лансирана од спејс шатл, а неговата мисија беше мапирање на Венера и мерење на нејзиното гравитациско поле.
На 1. септември 1804, германскиот астроном Карл Лудвиг Хардинг го открива Џуно, еден од најголемите астероиди во астероидниот појас. Џуно 3, заедно со 15 Јуномиа, е еден од двата најголемите карпести астероиди. Се проценува дека 1% од целата маса на астероидниот појас отпаѓа токму на овој астероид
На 7. септември 1927, Фајло Тејлор Фарнсворт го претставува првиот целосно електронски телевизиски систем. Токму на овој ден, неговата камера со ламби ја пренесе првата слика преку едноставна директна линија до приемникот којшто се наоѓал во друга соба во неговата лабораторија во Сан Франциско. До следната, 1928 година, Фарнсворт го усовршува системот и одржува прес-конференција на којашто го претставува својот изум пред светот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.