Рубрика:
50W излезен засилувач со TDA1514A
Автор: Дејан Трпески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработениот прототип од 50W засилувач со TDA1514A

Со години наназад, меѓу хоби-електроничарите од целиот свет интегрираното коло TDA1514A ужива речиси култен статус. Иако денес на пазарот можат да се најдат голем број монолитни засилувачи со различен квалитет и цена, едно е сигурно, ниту еден од нив до денес ја нема достигнато славата на веќе легендарното TDA1514A. Што е тоа што го прави ова коло единствено и посебно? Проектот што е токму пред вас се обидува да даде одговор на ова прашање.

Колку што ми е познато, единствениот производител на ова интегрирано коло, Philips, до сега ја нема објавено неговата детална електрична шема, и се чини не случајно. За да биде целата приказна уште поинтересна треба да се истакне дека некои реномирани производители на аудиоопрема, како што е Cambrige Audio, истото масовно го вградувале во своите комерцијални производи, што е многу редок случај, ако не и единствен со толку големо значење. Атрибутите со кои се опишува звукот на ова коло неодоливо потсетуваат на оние кои редовно можат да се слушнат исклучиво за засилувачите со електронски цевки. За жал, од пред извесно време ова коло не е повеќе во редовно производство, но за среќа, кај нас сè уште може да се купи во подобро снабдените продавници за електронски компоненти. Оние кои веќе го поседуваат, од овој момент можат да се чувствуваат привилегирани. Пред да започнеме со описот и објаснувањата, уште само неколку зборови. Целиот проект е замислен да биде лесен и достапен за секој хоби-електроничар кој поседува основни познавања и вештини од електрониката. Како што е вообичаено за секој проект, внимателно следете ги упатствата, и нема да имате поголеми проблеми при неговата реализација. Што се однесува до звукот на овој засилувач можам да кажам дека уште при првото слушање е повеќе од јасно дека се работи за засилувач со посебен карактер кој се издвојува од останатите монолитни засилувачи. Ширината и длабочината на звучната слика се зачудувачки големи. Ниту еден дел од звучниот опсег не е претерано нагласен или повлечен. Постои одличен баланс во целиот спектар и многу добра реконструкција на просторот од сцената. За разлика од конкуренцијата, слушањето на музика со овој засилувач е пријатно и ненаметливо и после неколку часа, што според мене е негова најдобра особина.

Технички карактеристики:

Синусна излезна моќност:

40W / 8Ω (Us=27,5V, THD=0,1%);

48W / 4Ω (Us=23V, THD=0,1%);

Фреквенциска карактеристика:

20Hz - 20kHz (-0,1dB)

Хармониски изобличувања (THD):

0,003% (Po=32W/8Ω

Интермодулациски изобличувања (IMD):

0,005% (Po=32W/8Ω

Фактор на пораст (SR): 14V/µs

Однос сигнал-шум (S/N):

83dB (Po=50mW);

105dB (Po=30W)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК127
ИК: TDA1514A
Грецов мост: B80C3200
Трансформатор: 230V / 2x18V / 100VA
Клучни зборови:
Изработениот прототип од 50W засилувач со TDA1514A

Изработениот прототип од 50W засилувач со TDA1514A

Изработениот прототип од 50W засилувач со TDA1514A

Изработениот прототип од 50W засилувач со TDA1514A

Амплитудно-фреквенциска карактеристика при излезна моќност од 1W на 8Ω

Амплитудно-фреквенциска карактеристика при излезна моќност од 1W на 8Ω

FFT Анализа на излезниот напон до 20kHz на простопериодичен влезен сигнал со фреквенција од 1kHz при 30W на 8Ω.

FFT Анализа на излезниот напон до 20kHz на простопериодичен влезен сигнал со фреквенција од 1kHz при 30W на 8Ω.


50W засилувач со TDA1514A во изведба на Александар Бабаков

50W засилувач со TDA1514A во изведба на Александар Бабаков

50W засилувач со TDA1514A во изведба на Александар Бабаков

50W засилувач со TDA1514A во изведба на Александар Бабаков

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.