Емитер 3/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Испитувањето на вакуумот на ото моторот (дизелските мотори го немаат овој параметар!) некако како да е подзаборавена метода, метода која, за жал, ретко ја практикуваат автомеханичарите, а многумина не ја ни познаваат и се скептични за нејзините резултати. Затоа е тука ЕМИТЕР да ги разбие овие предрасуди и да ги прошири хоризонтите и видиците на нашите читатели во светот на науката и техниката. На испитувањето на вакуумот на моторот ќе му биде посветен овој напис со надеж дека ќе ви стане вообичаена метода со која ќе прибирате драгоцени податоци за недостатоците на моторот на вашето возило или ќе ги потврдувате или демантирате некои сомнежи или дијагнози донесени со други методи.
Најпрво да потсетам како се создава потпритисокот во шмукачкиот (вцицувачкиот) колектор. При одењето на клипот надолу во текот на шмукачкиот такт се ослободува волумен што е услов за пад на притисокот помеѓу челото на клипот и пеперутката за гас од карбураторот доколку таа е делумно отворена или затворена. Доколку пеперутката е целосно отворена, тогаш потпритисокот е најмал и тој е предизвикан од отпорите на струењето на воздухот во грлото на карбураторот (дифузорот), па сè до клипот, а неговата вредност зависи од местото на приклучокот за вакуумметарот (нијанси се во прашање). Како што се затвора пеперутката за гасиа: така расте потпритисокот во шмукачкиот дел колектор. Како ориентација да споменам дека нормален потпритисок во шмукачкиот колектор кога моторот работи на празен òд е околу 0,50–0,66 bar. Со испитување на вакуумот можеме да ги насетиме следниве состојби и проблеми на моторот: состојбата на издувните и шмукачките вентили, во каква состојба се алките (кариките) на моторот и дали има проблеми со затинката на главата на цилиндарот или некоја од затинките на шмукачкиот колектор, дали има проблеми со издувниот систем и издувните канали во главата на моторот итн. Сите овие проблеми, а и повеќе други ќе ги прокоментирам во текстот што следува.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.