Рубрика: Астрономија и астронаутика
Мисија: повеќе од успешна
Автор: Гоце Постоловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


НАСА во својата историја може да се пофали со многу успешни мисии, потоа мисии кои успеале делумно, а постојат и такви кои буквално се претвориле во "прав и пепел". Но, за среќа, има и едни кои не само што успеале туку на општо изненадување дури и на нивните конструктори, неколкукратно ја натфрлиле поставената цел и сä уште му служат на човештвото.

Американската национална агенција за вселенски истражувања, НАСА, во своето неколкудецениско постоење бележи многу успеси, разочарувања, радосни и тажни моменти. Леталата и сондите конструирани од нив се вивнаа во вселената, го однесоа човекот на Месечината, собраа непроценливо вредни информации и со тоа ни овозможија да добиеме вистинска слика за она "што е таму горе". Кога зборуваме за тоа колку една мисија е успешна, треба на ум да ги имаме критериумите токму на НАСА која за успешна ја смета секоја мисија што успешно завршила барем една од поставените задачи. Но, постојат и такви кои неколкукратно ги надминаа очекувањата и на најоптимистите, кои со своите резултати си обезбедија место во историјата, а оваа прилика ја користиме да погледнеме дел од нив и со тоа барем малку да им се оддолжиме за она што го направиле и сè уште го прават во името на науката која му припаѓа на целото човештво. Тоа се мисиите: Војаџер 1 и 2, Касини, Марс Глобал Сарвејор, Марс Спирит и Опортјунити, како и мисијата Дип импакт

Клучни зборови:

Војаџер 1 - таму каде никој не бил досега

Касини-Хајгенс долгогодишен пријател на Сатурн

Марс Опортјунити - еденод двата ровери кои беа пратени на Марс со цел потрага по вода и "мали зелени"

Дип Импакт - "очи во очи" со комети

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.