Емитер 5/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Црните дупки досега ги знаевме по нивната разорна сила, но таа нивна сила може да има и креативна улога. Најновите откритија сугерираат дека црните дупки имале значајна улога при моделирање на раниот универзум.
Црните дупки некогаш беа само идеја, а Алберт Ајнштајн не верувал дека тие воопшто постојат. Но, за време од изминатите неколку децении, научниците сфатиле дека тие не се така невообичаени, дури и повеќе од тоа, денес се знае дека монструозни црни дупки, милион до милијарда пати помасивни од нашето Сонце, престојуваат во центарот на голем број галаксии, ако не кај сите!
По долго време гледање на црните дупки како на разорувачки средства на вселенските структури, во најново време по неочекуваното откритие на нивното многу рано појавување по Бигбенгот, научниците започнале да гледаат во нивното дебитирање конструктивна улога при моделирање на раниот универзум. "Пред неколку години никој не помислувал дека такви монструми постоеле во раниот универзум, но сега ние гледаме дека тие беа неопходни во креација на денешната структура на универзумот" вели Јуексинг Ли (Yuexing Li), астрофизичарка од универзитетот Пен Стејт (Penn State).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.