Рубрика: Информатика
Делење и спојување на видео
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Не е потребно големо предзнаење доколку сакате да споите неколку ваши видеоснимки во една целина, како и да извадите фрагменти од некој од нив. Не е потребен ниту професионален софтвер за таа цел!

Нормално, илузорно е да се повлекува аналогија помеѓу професионалното и аматерското. Опциите со кои располагаат професионалните софтверски алатки за видеомонтажа овозможуваат "секцирање" и обработка на видеоматеријалот до најситни детали. Од друга страна, за обична домашна употреба воопшто не е потребно да се трошат големи средства за набавка на таков софтвер, ниту пак "снаоѓање" по софтверскиот андерграунд. Конечно, совладувањето на таквите софтвери до барем прифатливо ниво бара доста време.
Алтернатива постои, а згора на тоа може да се најде и во бесплатна форма. Пронајдовме две такви, ги инсталиравме и испробавме: SID Video cutter & splitter и Vidmex Video Merge. Резултатите се и повеќе од задоволителни. Да погледнеме што значи тоа.

Приказен екран на SID

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.