Google работи на нова алатка за фајлови на Андроид, под името Fast Share. Алатката е дел од Nearby сервисот на Google Play Services секцијата, а не само што ќе биде замена за Android Beam, туку се очекува да биде и конкуренција на Apple AirDrop сервисот.
Fast Share е најнапред беше забележана од веб-порталот 9to5Google, а потоа за неа можеше да се прочита и на XDA Developers чијшто тим направи screenshot-ови од алатката.
Фотографиите покажуваат дека новата алатка за делење фајлови ќе им овозможи на корисниците “да споделуваат содржини на блиските уреди без интернет”. Сервисот користи Bluetooth за иницирање на работата, а потоа користи директна Wi-Fi конекција за споделување на фајлови. Ова ќе овозможи многу брз пренос на големи фајлови, побрз и од претходно познатата алатка Android Beam. Fast Share исто така овозможува видливост на уредите (Preferred Visibility), дури и кога не се користи сервисот.
Сервисот овозможува испраќање на еден или повеќе фајлови на друг уред на тој начин што најнапред се избира фајлот/фајловите, а потоа од менито се одбира опцијата Fast Share. По ова се одбира уредот до којшто сакате да го испратите ‘пакетот’.
При активирање моментално се прикажуваат генеричките уреди на кои е можно испраќањето фајлови (вклучувајќи Chromebook, Google Pixel 3, iPhone и паметен часовник). Сервисот во конечен облик ќе може да поддржи испраќања на фајлови преку Chrome OS уредите, Apple iOS уредите и Wear OS паметните часовници.
Тоа што е сигурно е дека алатката ќе овозможи поддршка за испраќање и примање на фајлови и од други Андроид уреди со инсталиран Google Play Services. Засега останува да видиме дали Fast Share ќе побарува и специфична верзија на Android оперативниот систем.