Рубрика: Електроника
Стерео ФМ - предавател
Автори: Славко Стојковски, Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект е опишан и е комплетно изработен мал стерео ФМ-предавател во кој како главна компонента учествува интегрираното коло BA1404 специјално дизајнирано за оваа намена. Овој мал предавател емитира висококвалитетен стереосигнал во УКБ-подрачјето од 88 до 108 MHz. На неговиот влез може да се приклучи кој било стерео или моно аудиоизвор, како што е: iPod, компјутер, лаптоп, ЦД или ДВД-плеер, МП3/МП4-плеер, дискмен, ТВ-приемник, сателитски рисивер..., по што безжично ќе го пренесува стереосигналот на радиоприемниците во неговата околина (вашиот дом, канцеларија, двор, автомобил...).

Идејата за овој проект ми дојде кога сакав репродицираната музика од CD-плеерот да ја слушам одеднаш во две простории од мојот дом. Најпрво размислував тоа да го направам со квалитетен аудиокабел, аудиосигналот од CD-плеерот да го доведам до влезот од НФ-засилувачот во мојата соба и до влезот од компјутерскиот засилувач во другата соба (проект од ЕМИТЕР 5/09). Но, ова решение ми беше некако тешко изводливо и нерационално. Поради тоа ми дојде идеја да изработам мал стерео ФМ-предавател со мал дострел кој ќе може да емитува квалитетен стереосигнал во ФМ/УКБ-подрачјето од 88 до 108 MHz. Сигналот од овој мал ФМ-предавател ќе да може да го прими и репродуцира секој ФМ-радиоприемник (тјунер) во станот и блиската околина, се разбира ако го има спомнатото фреквенциско подрачје.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1015
ИК: BA1404;

Кристал 38 kHz

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

Готовиот ФМ-предавател

Принципиелна блок-шема на ФМ-предавател

Готовиот ФМ-предавател

Поглед во внатрешноста на кутијата на направениот ФМ-предавател

Поглед во внатрешноста на кутијата на направениот ФМ-предавател

Поглед во внатрешноста на кутијата на направениот ФМ-предавател


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.