Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој напис за сите љубители на аудиотехниката ќе ви претставиме едно решение на стерео аудиозасилувач, кој во себе интегрира предзасилувач од еден производител и излезен степен од друг производител на аудиозасилувачи. Овој засилувач има синусна моќност од 2x20W на 8 ома, напон на напојување од ±30V, регулација на ниските тонови од ±6dB на 100Hz и регулација на високите тонови од ±6dB на 10kHz.
Чест избор на почетниците при изработка на уреди за самоградба, како и на учениците на часовите по електроника, е изработката на аудиозасилувач. Често поставувано прашање е “Дали сѐ уште се исплати самоградба на аудиозасилувач?”
Со дигитализацијата на аудиоуредите се појавија голем број на производи со ниска цена и со задоволителен, па и одличен квалитет. Поправката на овие уреди стана неисплатлива – поевтино е да се фрли старото и да се купи ново. Но, доколку се поседуваат соодветно знаење и вештини, самоградбата на аудиозасилувачи е исплатлива, а така добиените засилувачи не мора да се споредуваат со оние индустриски изработените.
Она што е добро при градбата на аудиозасилувач и неможе да се замени е знаењето и сатисфакцијата што ги добива оној што го изработува засилувачот, а особено ако тој засилувач добро свири.
Друго прашање што се поставува е “Дали може одреден предзасилувач од еден производител да се поврзе со излезен степен од некој друг предзасилувач?”
Во овој напис ќе ви претставиме еден таков потфат, нудејќи ви едно решение на еден стерео интегриран аудиозасилувач кој во себе го вклучува предзасилувачот од засилувачот Rotel RA-931 и излезниот степен од засилувачот SK0340 на фирмата RIZ Загреб.
Фреквентен опсег: 20Hz-20kHz;
Синусна моќност на 8ома : 20W;
Музичка моќност на 8 ома : 40W
Тонска контрола:
Ниски тонови: ±6dB на 100Hz;
Високи тонови: ±6dB на 10kHz;
Однос сигнал/шум (SNR) od 95dB;
Аудио изобличување од ≤ 0,1% THD;
Напон на напојување - ±32V
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.