Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сонцето во ултравиолетово;
Sandybridge, сепак, годинава?;
Intel light peak - убиец на USB 3.0?;
За инфекциите;
Прв ласерски печатач со "plug and print" технологија од НР;
Суператоми;
LG ја претставува новата Zero pixel guarantee програма во Македонија;
Супер компјутер за следење на климатските промени;
Втора Балаканска конференција за широко појасен интернет;
Знаевте ли дека......;
QTC - нова технологија за екрани на допир;
Ерупцијата на Ејафјатлајокутл;
Дентален УСБ микроскоп;
Велинченствена победа на тејлоркрафт Л-2-М;
Презентација HD на опрема од JVC;
Првиот мобилен сенер на ХП;
Нов модел на Macbook Pro;
Microsoft Technology Update 2010;
Косата побелува од радијација;

Суперкомпјутер за следење на климатските промени
Во Германија, во Хамбург, во Центарот за проучување и следење на климатските промени и последиците од нив, пуштен е во употреба суперкомпјутер кој секојдневно може да предвиди каква клима треба да се очекува во различни делови од светот. Оваа машина, чија намена е и да го следи глобалното затоплување на планетата Земја, тешка е педесет тони и во својата работа користи околу педесет километри кабли. За изработка на суперкомпјутерот, кој е наречен "Мозок", се потрошени триесет и пет милиони евра. Новиот суперкомпјутер е за шеесет пати побрз од претходниот модел, може да работи со десет пати повеќе податоци, како и да зачува 10 000 терабајти податоци годишно.
Суперкомпјутерите обично се големи потрошувачи на енергија, но експертите од Хамбург тврдат дека нивниот Центар за работата на овој суперкомпјутер, купува само еколошки произведена електрична енергија, односно електрична енергија произведена од ветер, сонце и други слични еколошки извори на енергија.
Според нив, што се однесува до неговите можности, суперкомпјутерот овозможува пресметки кои имаат далеку поголема точност од сите претходни анализи. Можностите на овој компјутер одат до тој степен šшто тој може да симулира дури и торнадо или, пак, да пресмета како би реагирале некои билки доколку се стават во стакленици, поради климатските промени поради топењето на мразот и зголемувањето на температурите во различни региони во светот.
К. С. Андонова

Величествена победа на Tејлоркрафт Л-2-М
Реставрираниот авион Тејлоркрафт Л-2-М на Николче Поповски, за кој пишувавме во минатиот број, победи во својата категорија на воздухопловната манифестација во Лејкленд, САД. Никој, па ни најголемите оптимисти не очекуваа една ваква победа на една воздухопловна манифестација од највисок ранг. Оваа воздухопловна манифестација, втора по големина, се одржува на аеродромот во Лејкленд (Lakeland Linder Regional Airport - LAL), секоја година во почетокот на април. Таа претставува вистински празник на воздухопловството со демонстрација на летање на воздухоплови и пилоти што значат врв на воздухопловството на САД. Според некои податоци долетуваат и одлетуваат околу 30 000 авиони, за што се пропишува посебен режим за времетраењето на еднонеделната манифестација.
Во натпреварувачка конкуренција се пријавиле дваесетина Л-19, и неколку Л-3, Л-2-М (Grashoper) и други модели или вкупно пријавени 34 кандидати, меѓу кои и два П-51 Мустанг. Се оценува успешноста на градбата, односно реставрацијата како во технички поглед, така и во поглед на летачки особини. Моделот Тејлоркрафт Л-2-М (Grashoper), со кој се пријави Николче Поповски, уште при првиот преглед на стручната комисија привлекол големо внимание како со квалитетот на градбата (реставрацијата) до последниот детал, така и со техничката документација. Токму поради тоа се организирало посебно снимање и фотографирање на земја и во воздух – двајца фотографи од авион од типот C-210 го снимале од сите можни агли во лет и статички на аеродром. Според сознанијата, снимениот материјал со текст ќе биде објавен во EAA Sport Aviation, американско списание за спортска авијација.
На крај, на авионот Л-2-М на Николче Поповски му се додели најпрестижното признание во категорија на реставрирани авиони од типот Л: Best L-Bird, додека Гран При наградата (Grand Prize winner) му припадна на авионот од типот П-51 Мустанг.
За крај можам само да додадам дека победи волјата, желбата, беспрекорното и макотрпно ангажирање, со прецизност рамна на реставрација на уметничко дело од непроценлива вредност, на американскиот државјанин по потекло од Македонија, поточно од Битола, Николче Ник Поповски. Неговата радост е огромна, а исто така и на членовите на неговото поблиско семејство и, секако, на членовите на семејството во Битола. Сите блиски пријатели и членови на Аеро клубот "Мирко Тодоровски" од Битола му честитаа, а веќе е предложен и за негов почесен член.
Перица Поповски

Суперкомпјутерот кој се наоѓа во Хамбург, во Центарот за проучување и следење на климатските промени.

Николче Поповски до својот авион со кој победи на воздухопловната манифестација во Лејкленд, САД.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.