Емитер 5/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
DreamBook ePad H10 HD;
Прва мобилна радиоаматерска радиоврска од велосипед во Македонија;
Консумирањето многу сирење е штетно;
Quickport Quattro;
"Индустриско производство" на органи за имплантација;
Декодирање на Рубиковата коцка;
Електрична формула 1 од 2013 година?;
Најраните мугри на земјиниот сложен живот;
Omnia.9 – суперуред за аудиопроцесирање;
Организми кои живеат без кислород;
Семинар на EESTEC за обновливи извори на енергија;
ТВ-преносот на кралската свадба;
Пуштена во производство соларна ќелија со полезно дејство од 43,5 %;
Texas Instruments го купи National Semiconductors;
Kaleido-X16 на Miranda;
Првите микроскопи биле со појасна слика;
Побрза графика во Imac;
Сондата гравити би потврди две појави предвидени од теоријата на Ајнштајн;
Балканска конференција и изложба;
За широкопојасен интернет – 3;
Зошто токму 160 знаци за SMS?;
3M Shoot 'n Share CP40 – џебен камкордер/проектор;
Garmin Ecoroute HD
"Индустриско производство" на органи за имплантација
Според најновите сознанија и резултати за неколку години ќе биде елиминирана потребата за донирање на органи. Научниците на конференцијата за Technology, Entertainment and Design, која се одржа во Long Beach, претставиле технологија со чија помош успешно ќе се создаваат органи во лабораторија наменети за трансплантација. Според нив новата метода е мошне едноставна и може да се спореди со начинот на печатење.
– Тоа е како да правите колач, – вели Anthony Atala од Wake Forest институтот за регенеративна медицина. Со помошта на скенер се изработува 3Д снимка на органот кој треба да се замени. Потоа преку земање на примероци од ткивата почнува процесот на создавање на органот, кое е исто како кога се копира некој напис или фајл. Уредот создава слој по слој и на крајот се добива нов идентичен здрав орган, спремен за трансплантација.
Доказ дека оваа технологија успешно функционира е случајот на Lukea Massele, момче родено проблеми на бубрезите. Тој е еден од првите луѓе кому му е вграден орган создаден во лабороторија, уште во текот на експерименталната фаза која почнала пред 10 години.
Но, за оваа метода има многу полемики. Не е спорно дека таа е добра ако се применува кај болни и релативно млади луѓе. Но, вакви органи можат да се произведуваат и за замена на остарените и истрошени со годините органи, а со цел да се продолжи човечкиот живот. Ако се усоврши и развие оваа "индустриска гранка", се поставува пршањето до колку години би се продолжувал човечкиот живот, и каков би бил тој кога се знае дека и денес нè има многу, а храна и други расурси има сè помалку!
К.С.Андонова
Texas Instruments го купи National Semiconductors
Веста на деценијата, кога се работи за индустријата на електронски компоненти, несомнено е дека двата доајени и носители на развојот во областа на аналогни интегрирани кола се фузионираат: во средината на месец април Texas Instruments (TI) го презеде управувачкоит пакет на National Semiconductors со директна инвестиција од 6,5 милијарди американски долари.
Во своето плодно минато, TI е творец на повеќе од 30 000 производи од областа на аналогната електроника. Ништо помалку импресивен не е ни портфељот на National со 12 000 производи и извонреден истражувачки тим научници, како и добро разгранета продажна мрежа. Новата фирма ќе ги преземе и производните погони на National во САД, Шкотска, Малезија и Јапан, додека седиштето ќе остане во Santa Clara, Калифорнија.
Во моментот на фузионирањето TI држеше околу 15% од светскиот пазар на аналогни интегрирани кола, додека National околу 5%. Се очекува дека со здружени сили новата фирма ќе го држи апсолутниот примат во производството на аналогни интегрирани кола и ќе ја надмине извонредноста на претходните генерации и нивните достигнувања, како на пример првиот комерцијален силициумски транзистор (TI - 1954) или извонредните генерации операциски засилувачи на National од крајот на шеесетите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век како LM101 (µA741) или LM324.
"Ова фузионирање го правиме за побрз развој и цврстина, изјави Rich Templeton, првиот човек на TI. "National поседува брилијантен развоен тим и нивните производи заедно со нашите ќе ни дозволат да им понудиме на нашите клиенти една палета на аналогни производи на која ѝ нема рамна на пазарот".
На крај назначено е дека оваа интеграција ќе се одвива во неколку фази во наредните тромесечја за да се оствари во потполност на почетокот на фискалната 2012 година.
Емилијан Иљоски
Сондата Гравити Би потврди две појави предвидени од Tеоријата на Aјнштајн
На 4. мај сондата на НАСА наречена Гравити Би (Gravity Probe B) донесе нова потврда на некои клучни предвидувања од страна на теориите на Алберт Ајнштајн. Набљудувања на сателитот покажаа дека масата на Земјата многу суптилно го искривува просторот и времето, па дури и ги влече околу неа.
Сондата Гравити Би е лансирана во 2004 година со цел да го мери искривувањето на простор-времето предизвикано од масата на Земјата, а со тоа и тензорот на енергијата и импулсот (кој е поврзан со дистрибуцијата и движењето на материјата во Вселената). Овој научен експеримент е почнат пред 52 години од страна на истражувачи од Унивезитетот Стенфорд и НАСА.
Првиот ефект предвиден од општата теорија на релативитет е појавата позната како геодетски ефект (geodetic effect): искривувањето на локалното простор-време од страна на масата на Земјата. Вториот е наречен повлекувачки ефект (frame-dragging effect) поради тоа што го означува износот на извртувањето на простор-времето од страна на ротирачки објект. На тој начин оваа сонда претставува уште еден тест на општата теорија на релативитет објавена од Алберт Ајнштајн во 1915 година.
Срцето на овој експеримент се четири жироскопи чие движење се мери со огромна прецизност од редот на милиаглови секунди. Една милиаглова секунда претставува агол под кој се гледа дебелината на човечко влакно на одалеченост од 10 милји (16 km). За да се обезбеди оваа прецизност, жироскопските топки морале да бидат на температура на речиси апсолутната нула (-273°C) и изолирани од било каков надворешен шум (притисок, електромагнетно поле). Сондата се наоѓа во поларна орбита околу Земјата, а оските на вртење на жирсокопите се во правец на една далечна ѕвезда од соѕвездието Пегаз. Ако гравитацијата не влијае врз простор-времето, жироскопите на сондата ќе посочуваат постојано во една насока додека се во орбита. Но, Ајнштајновата теоријата предвидува дека оските на жироскопските топки поради геодетскиот ефект ќе се поместат неколку аглови секунди (поточно 6606,1 милиаглови секунди) и токму тоа е регистрирано (со точност подобра од 1%), што претставува потврда на Ајнштајновата теорија.
Вториот ефект беше предвиден да биде уште помал (39 милиаглови секунди), значи уште потешко да се забележи. Сепак и тој ефект е регистриран, но со точност од 20%.
Главниот одговорен Францис Еверит за овој експеримент вели дека може да се замисли Земјата како да е потопена во мед. Ако планетата ротира околу својата оска и се движи низ орбитата околу Сонцето, медот околу ќе се искриви и изврти. Тој исто така додаде дека овој експеримент еден ден ќе биде во сите учебници по физика во поглавјето за Општата теорија на релативитет.
Тања Петрушевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.