Рубрика: Информатика
Водич низ различните ГНУ/Линукс дистрибуции
Автор: Александар Лазаров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Линукс оперативниот систем претставува целина која во себе содржи различен софтвер од отворен карактер. Овој микс на софтвер и апликации кои ние го викаме Линукс, всушност, претставува дистрибуција на софтвер од ГНУ проектот врзан на Линукс јадрото, т.е. кернелот. Од почетокот на создавањето на Линукс се појавија многу дистрибуции, некои се присутни и ден денес, а некои се тотално исчезнати. Да се запознаеме со некои од нив....

Откако Линус Торвалдс го креира Линукс кернелот и истиот го објави како слободен софтвер во 1991 година, луѓето почнаа да го здружуваат Линукс кернелот заедно со програми и апликации од ГНУ проектот, кои, исто така, беа од слободен карактер и притоа креираа функционален оперативен систем на нивните компјутери. Овој збир на софтвер заедно врзан со помош на Линукс кернелот претставува ГНУ/Линукс оперативниот систем, оној што денеска го знаеме како Линукс, а различните групирања на софтверот заедно со Линукс кернелот претставуваат ГНУ/Линукс дистрибуции. Од нив тука ќе бидат разгледани Дебиан базираните дистрибуции, Red Hat базираните дистрибуции, Слаквер базираните дистрибуции, Џенту базираните дистрибуции и Арч, Пакмен базираните дистрибуции.

Логото на една од најпознатите дистрибуции - Ред Хет

Историски осврт на ГНУ/Линукс дистрибуциите од самиот почеток па сè до 2006 година

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.