Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Не е доволно само да се познаваат опциите од менито на БИОС-от и да се знае да се нагоди некоја од нив. Суштинското познавање на БИОС-от значи суштинско познавање на самата матична плоча, нејзината функционалност и можности. Тогаш и најреално ќе може да се согледа дали истата одговара на вашите желби и потреби или, пак, е потребно нешто да се менува. Или надгради!
Доколку поседувате матична плоча од постара генерација, многу лесно може да се случи да не поддржи некој понов модел на процесор, мемориски модул, некој периферен уред. Исто така, не е ретка појавата на одредени грешки или аномалии при работата на истата, односно т.н. "багови", што доведуваат до кочење или каква било нестабилност при работата. Ретки, но сепак извесни, се одредени проблеми во функционирањето на Windows XP со некоја специфична хардверска компонента, како нефункционирање на сите компоненти на Windows XP со стариот БИОС. За среќа, овие нуспојави се релативна реткост кај најновите модели на матични плочи, освен отсуството на поддршка на најновите модели на процесори или мемориски модули, која е извесна. Тој проблем се решава со едноставна надградба на БИОС-от, односно со негово репрограмирање и замена со најнова верзија, во која неправилностите се елиминирани. Надградбата на БИОС-от со негова најнова верзија уште се нарекува и ФЛЕШУВАЊЕ. Одлуката дали ќе го надградувате БИОС-от е ваша. Ако се одлучите на тој чекор, да погледнеме како да го сторите тоа на наједноставен и најбезбеден начин.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.