Рубрика: Информатика
Видеоформати за интернет
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тоа што радува е големиот избор на видеоформати погодни за веб, од кои повеќето можат да се креираат со повеќе видови кодеци и да се репродуцираат на повеќе плеери.

Во раните почетоци на примената на видеозаписите на интернет нивниот облик зависеше од брзината на преносот и протокот на информации. Пристапот на интернет најчесто се одвиваше преку модеми чии брзини, се сеќаваме, беа лимитирани на максимални 56 Kb/s. Повисоките брзини најчесто беа достапни во рамките на компаниите преку T1 и T3 линиите, кои ги делеа голем број вработени - десетици, па и стотици.
Брзински лимитираниот модемски пристап оневозможуваше репродукција на видеозаписите директно од интернет, така што истите беа достапни како датотеки за преземање и можеа да се репродуцираат по преземањето (снимањето на хард диск). Најпопуларни кодеци за репродукција беа MPEG-1 и QuickTime, кои во тоа време овозможуваа доволен квалитет при ниски резолуции (до 320x240 пиксели) и ниски брзини на пренос (bitrate).
Денеска, видеозаписите се неизбежен дел од содржините на модерните веб-сајтови, без разлика за каков тип, вид или категорија на сајт се работи. Брзините на пристап не само што се доволни за квалитетна онлајн репродукција, туку се и во постојан раст. Не се проблем ниту резолуциите – HD видеоформатот е присутен и на веб.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.