Рубрика: Историја и археологија
Откриена, па заборавена античка цивилизација
Автор: Душко Бонев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Руските археолози во 1970 г. пронашле античка цивилизација во Туркменистан и ја "заборавиле" цели 30 години.

Вистинско вчудоневидување предизвика веста дека руските археолози откриле античка цивилизација во Туркменистан и цели 30 години била "заборавена" од власта во поранешниот Советски Сојуз. Имено, археологот Виктор Сарианиди, руски археолог со грчко потекло, во 1970 г. бил испратен да врши ископувања во пустината Кара-Кум на тромеѓето помеѓу Советскиот Сојуз, Иран и Авганистан. Овој локалитет од порано беше познат како археолошки комплекс на културата на Бактриа-Маргиана. Овие називи се со античко грчко потекло и денес не се во употреба, а го означуваат подрачјето околу реката Аму Дарја (античка Оксус). Овие ископувања беа прекинати во 1979 г. со руската интервенција во Авганистан и револуцијата во Иран и воените дејства кои произлегоа од нив. Во подоцнежните години Виктор вршел периодични ископувања, во зависност од воената ситуација, сè до 1990 г. кога се распадна Советскиот Сојуз и голем број на руски архолози беа повлечени од Централна Азија. Делумно поради поголемите проблеми што ја мачеа државата во тоа време, а делумно поради дисидентскиот статус на Виктор Сарианиди, неговите пронајдоци беа објавени во мал дел строго стручни руски списанија и не им беше дадено некое значение, така што тие не излегоа од Русија.

Урнатините на кралскиот град Гонур

Амбар за жито од печена глина

Богатство за археолозите - во Гонур се пронајдени огромен број на керамички садови

Пронајдени се и голем број примероци на прекрасно изработен накит

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.