За време на ископувањата во стариот дел на градот Ханија, на ридот Кастел на Крит биле откриени 37 монети, од кои 11 златни. Се претпоставува дека “азното” можеби му припаѓало на некој платеник кој се борел за едно од кралствата водени од наследници на Александар Македонски ги закопал.
Сребрениот статер е монета што најмногу се користела и вообичаено вредела двојно од една драхма, којашто е можеби најстарата грчка монета. Оттаму откритието на “златни статери” во оваа количина е важно откритие. Имено, во тоа време еден златник вредек околу еден месец плата за платеник во војската.
Заедно со златниците имало и други монети, како монета од Киренија, 15 монети од Олимпија и една мала локална монета, која е подеднакво важна од археолошки аспект. Со оглед на тоа што монетите биле пронајдени сите заедно, според истражувачите, лицето што ги поседувало било сопственик на мало богатство. Како што претходно споменавме, се шпекулира дека богатството му припаѓало на платеник во служба на едно од кралствата што следеле по она на Александар Македонски, мошне веројатно на династијата Птоломеј (хеленистичка династија која владеела со кралството Египет од 305 п.н.е. 30 п.н.е.) или Селевкиди (хеленистичка династија која владеела над источниот дел од владенијата на Александар Македонски по неговата смрт).
Монетите на местото на ископувањето во близина на ридот Кастели на островот Крит. Тие се наоѓаат под неколку дециметри од површината.
„37-те монети се пронајдени во мала теракотна вазна и се чини дека оние со помала вредност биле ставени над златните, небар за да се сокријат првите“, објаснува Марија Андреадак Влазаки, директорка на ископувањата на ридот Кастели.
Друга интересна хипотеза што се изнедри по откривање на “азното”се однесува на судбата на војникот сопственик на богатството. Според некои, тој можеби го загубил животот при некој воен судир во Азија борејќи се за својата татковина. Од ова може да се заклучи дека луѓето како овој војник имале голема способност да се движат од место до место, со цел да се борат под различни водачи, веројатно притоа избирајќи го тој што плаќал најмногу. Предметното богатство ќе послужи за подобро разбирање дали оваа хипотеза е валидна.
Заедно со златниците пронајдени се и други монети
Откритието, објавено од грчкото Министерство за култура, е значајно не само по количината на пронајдениот материјал, туку и по неговата културна вредност. Од ова истражување можеме да собереме важни детали за животот на платениците од тоа далечно минато. Монетите датираат од периодот помеѓу 300 и 270 година п.н.е.