Рубрика: Автомобилска техника
Подмачкување на тркалачките лежишта
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигурно понекогаш сте се запрашале зошто мора да се подмачкуваат тркалачките лежишта кога и онака тркалачките елементи во пресек се кругови, па без проблеми си се тркалаат меѓу прстените? Впрочем, и името им е тркалачки лежишта. Друго интересно прашање е: Од што зависи дали подмачкувањето на тркалачкото лежиште ќе биде со маст или со масло? Трето прашање е: што се изучува во теоријата на подмачкувањето? Одговори на овие и на уште неколку други прашања тесно поврзани со оваа проблематика ќе најдете во текстот што следува.

Најнапред да ги разјасниме термините. Под мазиво ќе подразбираме средство за подмачкување кое може да биде маст или масло и кое, под одредени работни услови, помеѓу по­вршините кои се движат (лизгаат) или тркалаат една во однос на друга, создаваат слој (филм) на масло и го задржу­ваат на површините кои се во меѓусебен контакт. Под поимот под­мачкување се подразбира механизмот со кој се создава тој слој на масло и е предмет на проучување на теоријата на под­мачкувањето. Треба да се знае дека двата термина се меѓу­себ­но тесно испреплетени и дека секогаш се разгледуваат во пакет.

Зошто е потребно да се подмачкуваат лежиштата? Мазиво­то создава филм помеѓу тркалачките или лизгачките површини на лежиштето, така што контактот на метал по метал е спречен дури и при тешки оптоварувања. Мазивото го намалу­ва триењето. Тоа, исто така, заштитува од абење и корозија, како и од контаминација од цврсти и течни загаду­вачи. Теоретски, правилно подмачкано лежиште кое работи под идеални услови, ќе трае вечно. Реално, секако, ова не е можно. Но, едно секако важи, дека лежиште кое е правилно подмачкано има најдобри шанси да го достигне својот макси­мален век на траење.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.