Рубрика: Автомобилска техника
Девојче го реши проблемот на возачите со предниот мртов агол
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 13.11.2019 - 10:15

Четиринаесетгодишната Алејна Гаслер осмислила начин како да се отстрани предниот мртвиот агол од видното поле на возачите, кој го создава рамката на каросеријата околу шофершајбната и предниот прозорец. Таа го елиминирала проблемот употребувајќи релативно евтина и широко распространета технологија, веќе достапна во повеќето продавници за електроника.

Концептот накратко се состои во следново – ако не можете да ги отстраните објектите, зошто да не ги направите проѕирни.

Па така, нејзиното решение вклучува инсталирање камера свртена во правецот што треба да го покрие погледот на возачот и проекција на видеоматеријалот, во реално време, врз внатрешната страна од рамката.

Со малку нагодување и вградување делови направени со помош на 3Д-принтер, Алејна успеала совршено да ја вклопи проекцијата на тоа што го снима камерата, така што изгледа како возачот да гледа низ каросеријата. Алејна, која потекнува од Вест Гроув, Пенсилванија, со својот изум ја освоила наградата од 25 000 долари за проектот “Подобрување на безбедноста во сообраќајот со отстранување на мртвите агли“.

Клучни зборови: