Рубрика: Физика
Времето пред создавањето на светот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали конечно науката е подготвена да се соочи со мистеријата: то било пред настанокот на универзумот и што била причина за експлозијата наречена Биг Бенг, од којашто се "родил" универзумот? Три најнови радикални теории го ревидираат она, што ние сме мислиле дека сме го знаеле за историјата на универзумот. Дали тоа што ние го нарекуваме Биг Бенг е само една епизода во бесконечноста на вселената или, пак, поимот "време" е само наша илузија?

МАЛКУ ХРОНОЛОГИЈА

Во темниот среден век, во време кога царувала религијата, секое рационално размислување за случувањата кои претходеле на создавањето на светот, било табу тема. Така на прашањето: “Што работел Господ пред да го создаде светот?”, св. Августин налутено одговарал: “Го подготвувал пеколот за љубопитните, кои поставуваат такви прашања”.

Но, времињата се измениле и тоа прашање, сепак, станало тема, но на науката, кога Едвин Хабл (Edwin Hubble) во 1929 год. утврдил дека универзумот експандира (се шири). Екстраполирајќи го текот на времето ретроградно (кон назад), Хабловата опсервација сугерира експлозивно потекло на експанзијата. Така настанала “бајката” за Биг Бенгот, која во стандардната интерпретација добила форма не како експлозија во некоја точка во просторот и времето, туку како експлозија на простор-времето (види ЕМИТЕР 10/05 – “Погрешно разбирање на Биг Бенгот”). Но, од тука произлезе дека пред експлозијата времето не постоело, а тоа беше горчливото апче, кое научниците морале да го проголтаат. Имено, тешко е да се замисли време кое тукушто стартува, односно на кој начин универзумот “препознал” кога е време тој да стартува?

Мапа на универзумот во голем размер: галаксиите изгледаат како точки.​​​​​​

Секој обид да се разбере што претходело на тој момент, до пред неколку години водеше во ќор сокак, бидејќи, да се потсетиме, според стандарниот модел на Биг Бенг-от, универзумот започнал од т.н. сингуларитет, точка со речиси бесконечна искривеност на простор-времето и енормно висока температура. Таква екстремна состојба претставува бариера, пред која сите познати физички закони затајуваат, па случувањата пред сингуларитетот останале надвор од досегот на науката.

Но, науката не прифаќа Биг Бенгот да остане граница до која може да досегне човековото знаење, па физичарите се ориентирале кон потрага по нови теории, кои би можеле да “гледаат” подалеку во случувањата од пред Биг Бенгот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.