Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ЕМИТЕР 10/05 беше објавен проект на едноставен 150W-ен засилувач кој успешно ја извршуваше основната функција, додека во овој проект е детално опишан и разработен поквалитетен и пософистициран Hi-Fi аудиозасилувач со одлични карактеристики. Ова претходното го нагласив за да можете да направите споредба што треба да содржи еден аудиозасилувач како школски пример и како може да се направат некои подобрувања со конструктивни измени за да се добие многу добар Hi-Fi аудиозасилувач со одлични карактеристики.
Слабите аудиосигнали кои доаѓаат од предзасилувачите или други извори на аудиосигнал не се доволни да погонат соодветни звучнички системи, заради тие причини овие сигнали треба да се засилат толку пати колку што е потребно. Сето ова се овозможува со аудиозасилувачите на моќност помеѓу кои припаѓа претходно спомнатиот, а и аудиозасилувачот кој е опишан во овој проект. Аудиозасилувачот, кој детално е опишан во овој проект, се одликува со релативно едноставна конструкција, со прилично голема моќност, со речиси сите заштити и со одлични карактеристики. Напојувањето на овој засилувач е со симетричен напон за да се избегнат проблемите со спрежниот електролитски кондензатор кој сериски се поврзува со излезот. Како излезни транзистори во овој засилувач се користат моќните Дарлингтон комплементарни транзистори BDW83C/BDW84C (или како понадежни BDW83D/BDW84D). Читателите на ЕМИТЕР кои се заинтересирани за оваа проблематика, ќе имаат можност да се здобијат со сознанија како еден едноставен аудиозасилувач (школски пример) може да се надгради и преработи, а со тоа многу да се подобрат неговите карактеристики. Според тоа, читателите можат да направат споредба помеѓу едноставниот аудиозасилувач, објавен во ЕМИТЕР 10/05, и новодизајнираниот кој е опишан во овој проект.
Излезна моќност: 100 W/ 4 ома или 80 W/ 8 ома;
DC-офсет: <±30 mV;
Мирна струја: 50 mA;
Влезна отпорност:10k оми;
Влезна чувствителност: 650m V/ 4 ома и 800 mV/ 8 ома;
Фреквенциски опсег: 10Hz до 35kHz (на ±1dB);
Хармониски изобличувања THD%: 0,1% (за Pmax и 1kHz);
Однос сигнал/шум: 83dB (според IEC 79)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.