Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Верувам дека на секого му се случило поради невнимание или грешка да избрише некоја датотека. Некогаш, мене често ми се случувало, сакајќи да го "исчистам" компјутерот од непотребни датотеки или, пак, едноставно од датотеки за кои сметам дека неколку пати се запишани на хард дискот, се случувало да избришам нешто за што подоцна ќе утврдам дека и тоа како сум погрешил. Секако, во таа ситуација понекогаш може да помогне популарната "корпа за отпадоци" односно Recycle Bin, но што ако во меѓувреме сте направиле "чистење", па и оваа операција не е можна? Е, во тој случај на сцена стапуваат програми направени специјално за оваа намена. Ако ме прашувате дали ваквите програми ќе овозможат целосно враќање на податоците, немам одговор на ова прашање. Пробајте, па видете сами!
Нема да навлегуваме премногу длабоко во самата процедура на бришење на една датотека, бидејќи за тоа би ни било потребно многу повеќе простор и време, а да не споменувам повеќе знаење и разбирање на одредени постапки и процедури за складирање на податоци. Едноставно да речеме дека при процедурата на бришење практично датотеката не е избришана, сè додека преку неа (се мисли на просторот на кој таа била запишана или ако сакате на кластерите каде што била запишана) не бидат запишани нови податоци. Па дури и тогаш во зависност од големината на кластерите и од големината на новозапишаните податоци зависи дали целосно или делумно ќе бидат избришани старите податоци. Јасно, програмите кои се обидуваат да извршат "враќање" на веќе избришана датотека ја користат оваа ситуација.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.