Рубрика: Електроника
Осветлувач за ППК со ЛЕД диоди
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Златен стандард во изработката на ППК е печатењето со фотопостапка. Оставете ги зад себе постапките со "тонер трансфер", цртањето со водоотпорен фломастер или нанесувањето на lithoprint или letterset. Убавината и дизајнот на фотопечатењето даваат прекрасно чувство на прецизност и професионалност, што може да се почувствува само кога в раце се има готов производ. Тенките бакарни водови со ширина од само 0,1mm, незамисливи за другите техники на печатење на ППК, се секојдневна рутина во проектирањето на ППК со фотопостапка. Првиот чекор е изградба на осветлувач на ППК со ултравиолетово светло.

.

Исправки и дополнувања:
Грешка во изводите на LM317

Во електричната и монтажната шема на напојувачкиот блок (сликите 7 и 8) има грешка во распоредот на изводите на IC1 (LM317). Грешката е во изводите 1 и 2 – тие треба да бидат обратно (1 = ADJ, 2 = OUT). Тоа значи, за колото да функционира потребно е овие два изводи од IC1 на плочката да ги заменат своите места и да се залемат обратно (со вкрстување, а претходно на едниот од нив да се навлече изолаторско цревце за да се оневозможи случајна куса врска меѓу нив). Друго решение е да се нацрта и направи нова ППК на која ќе бидат корегирани водовите за IC1, R1 и R2 (види цртеж).
Се извинувам на сите читатели кои заради оваа грешка имале проблем при реализација на проектот и благодарам на читателот Мартин Гелев, кој ни укажаа на овој пропуст.
А ако се прашувате како е можно да се направи ваква банална грешка, еве ја генезата на проблемот. При реали¬зација на поедноставни проекти (како овој) јас прво ја цртам плочката со фломастер и го изработувам уредот, а потоа правам компјутерски цртеж на ППК за објавување во ЕМИТЕР. При цртањето сум ги измешал изводите 1 и 2, а таа грешка не ја откриле ни во редакцијата потпирајќи се на едноставноста на проектот и на тоа што прототипот си функционира беспрекорно. Очигледно, во иднина ќе треба да го применувам методот "прво компјутерски цртеж, па потоа изработка", кој е посигурен во елиминирање на вакви грешки. А, секако, и повнимателна контрола на сите цртежи, дури и за наједноставните конструкции.


Технички карактеристики:

Тип: LED UV осветлувач; Бранова должина: 400-410nm; Димензии на плочката за осветлување: 180x120mm (max); Напојување: 13,2V/600mA

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК327
Печатена плочка: ППК328

LED: BUVC333W20WUVG; ИК: LM317, LM7805; Трафо: 230V/15V/1A

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.