Секогаш кога некои истражувачи од областа на електрониката ќе добијат Нобелова награда за физика, тоа предизвикува бран воздишки кај електроничарите. Така беше и годинава кога беа соопштедни годинешните Нобеловци за физика – јапонските истражувачи Исаму Акасаки (1929), Хироши Амано (1960) и Шуџи Накамура (1954) за изумот на ефикасни сини ЛЕД кои овозможија напредок во областа на осветлувањето со нови штедливи извори на светлина на база на ЛЕД.
Тоа што некако е ненамерно запоставено според коментарите на некои аналитичари а злонамерно заборавено според други, е ноторниот факт дека новите генерации ЛЕД користени во осветлувањето се дирекна апликација на пронајдокот на еден сосема друг тим од Универзитетот Стенфорд (Stanford University во истоимениот град во Калифорнија, САД) сочинет од Стивенсон, Рајнс и Маруска (D. Stevenson, W. Rhines и H. Maruska). Дотолку повеќе, овие три научници го имаат патентирано овој пронајдок во 1974, односно цели 15 години пред пронајдокот на Јапонскиот тим кои за многу аналитичари е само продолжување на работата на Стенфордскиот тим.
Исто така, многу аналитичари се изненадени од непрецизноста на образложението зошто се дава оваа нобелова награда токму на овие научници.
Како и да е, погледнете го оригиналниот патент и процените сами: http://www.google.com/patents/US3819974