Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Група океанографи пронајдоа остатоци од град на длабочина од 36 метри под водата во заливот Гудџарат на западниот брег на Индија. Староста на градот е проценета на 9 000 години.
Вршејќи испитувања за степенот на загаденост на морското дно во заливот Гудџарат (старо име Камбај), океанографите од Индискиот национален институт за океанска технологија во април 2002 год., случајно откриле остатоци од древен град. Океанографите го скенирале дното на заливот со сонар и случајно на дното на заливот на длабочина од 36 метри откриле огромни формации со геометриски правилен распоред. Бидејќи индиските океанографи не располагале со соодветна опрема за истражување на подводни археолошки локации, за точно утврдување за што се работи тие ги повикале стручњаците од Друштвото за научни истражувања од Дорсет, Велика Британија (Scientific Exploration Society in Dorset, UK).
Британските нуркачи во 50 сесии на нуркање, истражиле само мал дел од урнатините. Според снимките од сонарот, градот опфаќа површина од 17 квадратни километри и според археолозите во овој град живееле околу 20 - 25 000 жители. Откриени се ѕидови некои изградени од тули направени од глина и сецкана слама, а некои од камен. Исто така откриени се 18 огромни камени столбови, голем број на керамика, теракотни орнаменти, белезница, прстени, обетки и украсни игли. Исто така, откриени се голем број на фосилизирани човечки коски, фосилизирано дрво, камени алатки и уште многу други предмети на кои не им се знае намената. Многу е интересно тоа што овој град е фортифициран со големи камени ѕидови слични како оние од Микена. Исто така, со техниката подземно профилирање (Sub-bottom profiling) утврдено е дека ѕидовите и целиот град лежат на огромни фундаменти кои по површина се поголеми од што било направено од човечка рака. Ова е посебно чудно и во тек се истражувања кои ќе утврдат дали овие формации се природни и само случајно се со правилна форма или се направени од човек.
Истражувањата и анализите на новопронајдениот археолошки локалитет се уште во тек и истите се одвиваат бавно поради фактот што се на доста голема длабочина. Сепак постојат и спротивни мисленици за ова – познати научници тврдат дека снимките од сонарот не се толку јасни и не може да се каже дека претставуваат град.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.