Овие чудни глинени садови, што во континуитет се појавуваат при ископувањата што се спроведуваат на повеќе археолошки локалитети низ Европа, веќе подолго време претставуваа мистерија. Имено, иако садовите очебијно се со димензии наменети за рацете на возрасен човек, на нивните тела, што понекогаш се обликувани во форма на животно, а честопати се украсени и со геометриски шари, забележливи се мали испакнати отвори недоволни за употреба од возрасен човек.
Отворите се толку мали што намената на садот оставала прилично простор за нагаѓање. Сè до неодамна се шпекулираше за можната употреба на овие садови, па така се предлагаше дека биле наменети за потурање течност или, можеби, за хранење на болни или изнемоштени стари лица, додека некои тврделе дека можеби се работи за древен еквивалент на бебешки шишиња со цуцла, што овозможувале прихрана на новороденчињата и малите деца преку испакнувањето.
Два сада од периодот кон крајот на бронзеното доба и почетокот на железното доба, пронајдени на локалитети во Австрија
Сега, научниците велат дека ја мистеријата конечно е решена. Решението доаѓа по анализата на талогот што останал во три вакви садa, налик на оние прикажани на фотографиите подолу. Сите три сада биле пронајдени во регионот на Баварија во Германија, во гробовите од деца што датираат од периодот помеѓу 1200 до 450 година п.н.е. Кога истражувачите ги анализирале хемиските траги од внатрешноста на садовите, откриле млечни масни киселини.
Опис на детските гробови и садовите коишто биле најдени во нив
Јаглеродните изотопи од внатрешноста на два од садовите укажувале дека некогаш во нив било присутно млеко коешто потекнува од преживари, како што се кравите, овците или козите. Изотопите од третиот сад, пак, покажуваат дека некогаш во него имало млеко од друг вид цицач, можеби од свиња или од човек.
Садови за прихрана од периодот кон од периодот кон крајот на бронзеното доба и почетокот на железното доба
Како што известува тимот во нивниот труд во Nature, ова значи дека уште пред најмалку 3000 години животинско млеко било користено во исхраната на бебињата кои го пиеле од шишиња, специјално направени за оваа намена. Тоа млеко не ги задоволувало сите потреби во исхраната на бебињата, како што тоа го прави мајчиното млеко, но животинското млеко сепак се користело како дополнителна храна и во древните времиња.