Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За да ви го олесниме аплаудирањето, во наредниот текст ќе ви преставиме електронско коло-генератор на шум, кој лесно можете да го изработите со компоненти кои лесно можете да ги најдете на нашиот домашен пазар.
Ако се наоѓате во некоја сала која е полна со луѓе и ако тие луѓе присуствуваат на некоја свеченост ќе следи и аплауз. Аплаузот кој го создаваат луѓето во салата преставува посебен вид на шум. Овој звучен сигнал, може да се произведе и електронски, односно со електронското коло кое е наречено "Генератор на аплауз". Со помош на ова коло на неговиот излез ќе добиеме електронски создаден шум, сличен на аплаузот, кој потоа можете да го засилите со приклучување на влезот од некој аудиозасилувач и да го репродуцирате на звучници. Значи со ова коло на едноставен начин ќе ви го олесниме аплаудирањето и ќе ви излеземе во пресрет да се запознаете и да изработите уште еден интересен електронски склоп.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.