Процесот на создавање на CD-то, колку и да звучи чудно, ни до денешен ден не е стандардизиран и не дава секогаш задоволителни, а камо ли врвни резултати. Бројните компоненти во ланецот на создавање на компакт дискот, секоја на свој начин и секоја за себе, делуваат и влијаат на конечниот квалитет на звукот, кој ние, крајните корисници, ќе го слушнеме со посредство на нашите домашни аудио уреди.