Емитер 11/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Познатиот аудио конструктор Руперт Нив (Rupert Neve) веќе долга низа години е посветен на конструкција на многубројни професионални аудио уреди. Можеби е доволно да се спомне дека сегашната фирма AMS Neve од Англија е неговата некогашна фирма од градот Ројстон, близу Кембриџ, позната под името Neve. Неговите тонски миксети, како и придружните уреди со нив - еквилајзери, компресори, дистрибутивни засилувачи и др. - и денес се почитуваат. Најдобар доказ за тоа е еуфоријата што владее во Америка за неговите стари тонски миксети. Имено, таму ги откупуваат неговите стари уреди, ги репарираат и им го продолжуваат векот на траење. Во еден од претходните броеви на ЕМИТЕР беше објавена статијата за неговиот стар еквилајзер 1081 кој сега се произведува во сосема истото руво како 1081C. Стариот конструктор и понатаму е активен и приредува нови пријатни изненадувања. Последниве години на пазарот се појави неговиот System 9098, во кој, меѓу другото спаѓаат и еквилајзерот и компресорот што ќе бидат тема на овој напис.
ЕКВИЛАЈЗЕРОТ SYSTEM 9098 EQ
Тој претставува еквилајзер и микрофонски засилувач со високи перформанси. Предвиден е со него да започнуваат микрофонските сигнали со највисок квалитет, кои потоа ќе бидат обработени со еквилајзерската секција во поглед на фреквенциската карактеристика. Колата се базирани на истражувањата што се внесени во тонската миксета 9098, а и приодот е сосема сличен. Најголема важност е посветена на звучниот квалитет на патеката по која поминува аудио сигналот. Притоа многу се внимава да се задржи високо ценетиот музички карактер на многу познатите стари уреди со таквата традиција.
Во што се состои особеноста на овој приод кон еквилизацијата?
Карактеристика на аудиофилите е дека тие сакаат сѐ да биде израмнето, надевајќи се дека така ќе се задржи “природноста” на необработениот звук. Во природата, всушност, ништо не е така израмнето. Секој звук што го слушаме е под влијание на акустички или механички резонанции, што потекнуваат од просториите, инструментите, звучниците, микрофоните и др. Најфините инструменти го имаат постигнато својот квалитет со многу години усовршување - понекогаш и со векови. Притоа како конечен судија е користено увото, на кое му се додворувале конструкторите со нагодување на резонанциите, имајќи на ум дека и во појдовната фреквенциска карактеристика може да се очекуваат поместувања на фазата. Од тие причини никогаш не треба да се отфрла користењето на добриот еквилајзер за постигнување на посакувани музички резултати.
Во професионалната аудио продукција еквилајзерот се користи како креативна алатка.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.