Рубрика: Информатика
Скенери - игра на светлина и сенки
Автор: Игор Трајковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Што е тоа скенер? Некому можеби во денешно време прашањево ќе му биде и малку несмасно. Повеќето од оние кои колку-толку се занимаваат со компјутери или нешто знаат за нив, при набројувањето на периферните единици ќе го спомнат и овој уред. Кога компјутерите почнале да се ослободуваат од прангите на текстуалниот мод од 25 линии по 40 знаци во линија, широко се отвориле вратите на најразлични примени, меѓу кои и цртањето на компјутер, графички приказ на податоците и симулирање слики од реалниот свет, или со други зборови, сè она што денеска го подразбираме под поимот компјутерска графика. Така се јавил и проблемот: како да се поврзат реалноста и компјутерот, или поточно, како сликите кои нашиот вид ги перципира, да ги претвориме во единици и нули - податоци кои ги разбира компјутерот? Одговорот се нашол во новиот вид уреди - скенери, чија еволуција го следела напредокот на компјутерската индустрија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.