Рубрика: Електроника
Димер за индуктивни товари
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најголемиот број регулатори на моќност (dimmer circuits) се наменети за нереактивни (омски) товари, каде што мрежниот напон и струјата низ оптоварувањето се во фаза. Тоа значи дека импулсите за палење можат да бидат релативно кратки. Кога товарот е од реактивен карактер (најчесто индуктивен како на пример мотор, трансформатор или пригушница за флуоресцентна светилка), струјата на оптоварување доцни зад напонот и се случува таа да не го достигне нивото на самодржење за времетаење на импулсот за палење. Управуваната диода, во тој случај, проведува краткотрајно и се блокира по истекот на импулсот за палење. Овој несакан ефект може да се елиминира со развлекување на импулсот за палење, палење со низа од импулси (pulse train) или со соодветна RC мрежа. Тука ви претставуваме еден општ изглед на димер за индуктивни товари кој овозможува сигурно палење на тријакот со помош на низа од импулси.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.