Електроника

Во времето на процесори и компјутери, дигитални телевизори со интелигентни програми и можности кои како да ни ги читаат мислите, веројатно е лесно да го заборавиме стариот телевизор. Да заборавиме дека работел по цели ноќи кога сме заспивале пред него. Едноставно да го фрлиме и да си купиме нов.


Електроника

Во претходните броеви на ЕМИТЕР беа објавени електрични шеми од светот на забавната електроника. Во овој број ви претставуваме уште една електронска конструкција која во суштина ја симулира познатата игра рулет. Движењето на топчето по кружна патека е импровизирано со кружно последователно палење и гасење на LED диоди, кое постепено ја намалува брзината за на крај да остане запалена само една LED диода.


Електроника

До оштетување на звучниците може да дојде на различни начини. Излезниот нискофреквентен сигнал од засилувачот може толку да порасне што ќе ја надмине декларираната моќност на звучникот која во практиката многу често е помала од наведената. Од друга страна, на излезот од засилувачот, поради некој дефект во самиот засилувач, може да се појави голем еднонасочен напон, па од еднонасочната струја да прегори движечката намотка на звучникот.


Уводник

Со овој број ЕМИТЕР ја заокружува четвртата година од своето постоење. Зад нас се 42 броја со околу 2000 страници што одговара на книга од околу 4000 страници. Зад нас е (барем се надевам дека е зад нас) уште една криза во државата која силно ги разниша и онака климавите темели на ЕМИТЕР. Сепак успеавме да го одржиме квалитетот и редовното излегување на списанието, пред сè благодарение на нашиот ентузијазам и искажаната доверба од нашите верни читатели и спонзори. Но, што понатаму?


Електроника

Намената на уредот т.н. fuse protector е да обезбеди мек старт (soft start) на потрошувачите кои имаат голема почетна струја (initial surge current), на прифатливи вредности кои може да ги поднесе електричниот осигурувач во мрежата или вградениот осигурувач во самиот електронски уред.


Електроника

Една од најтешките работи при изработка на ППК, мора да признаеме ние електроничарите, е дупчењето на самата ППК. Имено тоа и мене ми претставуваше најголема тешкотија - многу издупчени дупки онаму каде не им е местото, искршени бургии и искинати и оштетени фолии. Оваа макотрпна работа ме пратеше до пред 6-7 години, кога со изработката на оваа дупчалка ставив крај на сите тешкотии.


Електроника

Многумина аматери-електроничари во своите работилници поседуваат осцилоскопи. Претежно тоа се едноканални осцилоскопи, само со најнеопходните команди, од причина што нивната цена е најприфатлива за аматерскиот џеп. И авторот на овие редови поседува едноканален осцилоскоп ISKRA MA4003.


Аудио и видеотехника

Изгледа навика ми стана да тестирам засилувачи. За разлика од претходно, овде се работи за компаративен тест на два висококвалитетни интегрирани засилувачи.


Аудио и видеотехника

Многумина ќе се запрашаат: што би имало толку ново да се каже за мултимедија звучниците - звучници као и сите други, само малечки. Банално, нели? Но, не е така. Мултимедија звучниците се разликуваат од сите Hi-Fi и A/V (аудио/видео) звучници токму заради нивната органска врска со компјутерите. Попрецизно кажано - заради нивната органска врска со масата на која стојат.


Електроника

Со цел да се овозможи квалитетен прием на радио бранови, во практиката се користат разни видови приемници. Колку е поголема желбата за поквалитетен прием, прием со намалени пречки и прием со поголема селективност, толку и сложеноста на радио приемниците е поголема. Кога немаат доволно средства и компоненти за градба на современи уреди, радиоаматерите често употребуваат упростени, но сепак функционални приемници со добар квалитет.


Телекомуникации

Со зголемување на густината на радиосообраќајот и користењето на сè повисоки фреквенции како носители на информациите, некои основни проблеми кај АМ и ФМ преносот стануваат сè поизразени. Пред сè демодулацијата на АМ сигналите станува сè полоша со слабеењето на носителот. Да не ги ни спомнуваме случаите кога тој наполно се губи (фединг).


Електроника

Една од најзначајните предности на дигиталните аудио уреди е ниското ниво на шум и секако големиот динамички опсег. Дигиталните носители на звук со 16-битно кодирање постигнуваат однос сигнал/шум поголем од 90dB. Нивната застапеност е реалност но ќе помине уште некое време додека ги потиснат засега сè уште распространетите аналогни аудио уреди.


Телекомуникации

Некои од Европските радио-дифузни организации веќе ја воведоа подобрената верзија на Радио Телетекст сервисот, промовиран во Велика Британија во некои комерцијални радио станици уште во доцните 80-ти години. Иако Радио Телетекст сервисот е различен од RDS, тој е негово дополнување. Податочните сигнали од Радио Текст се пренесуваат со помошен носител со фреквенција од 76kHz, фреквентно се модулирани со 16kbit/s со FM девијација од ±5,5kHz.


Телекомуникации

5-ти Мај 1997 година. Ракетата на McDonnell Douglas, Delta II ги понесе првите пет сателити од проектот IRIDIUM. Од тој ден започна новата ера на мобилните телефонски комуникации. По долгото одложување и задоцнувањето од речиси една година, долго време најавуваниот сателитски мобилен телефонски систем IRIDIUM стана реалност. Системот требаше да биде пуштен за комерцијална употреба уште на крајот на 1998г.


Електроника

Интегралното коло на PHILIPS, TDA8920 е првото коло од новата фамилија аудио засилувачи во класа D, изработени во SOI (Silicon On Insulator)-базирана, A-BCD1 (Advanced Bipolar-CMOS-DMOS) технологија. Содржи два независни засилувачи, кои може да се искористат за стерео засилувач или како моно засилувач во мостна врска. Високата ефикасност е главна карактеристика на засилувачите во класа D и за ова коло е 90%.


Електроника

Во ова продолжение од практичниот курс по електроника ќе ги разгледаме МОСФЕТ елементите. Поблиску ќе ги погледнеме структурата, принципот на работа на MOSFET и параметрите на FET-овите, односно нивните статички карактеристики.


Електроника

Слушалките на глава и можете да се шетате низ целата соба. Веќе не ви е потребен кабел, кој постојано ви се плетка меѓу нозете, се закачува и во најмала рака ви смета. Со овој мал приемник за инфрацрвена светла, напревен со само еден транзистор, може да ја слушате омилената музика од вашето CD без да им пречите на другите.


Електроника

Овде се работи за една интересна конструкција, која се работеше и сè уште се работи во клубот за електроника во општинскиот огранок на Народна Техника во Велес. Станува збор за многу едноставно и интуитивно решение, кое на прв поглед е само уште една интересна играчка, но од него можат да научат многу нешта дури и многу поискусните електроничари.


Електроника

Колото кое е претставено овде претставува предавател за оптичка (инфрацрвена) аудио врска. Едноставноста, како одлика која се забележува веднаш, го става овој уред во категоријата на лесно остварливи, корисни и интересни градби. Овој предавател, освен за намената за која е предвиден оригинално, може да послужи и како инструмент за многу експерименти на полето на комуникацијата со инфрацрвена светлина.


Електроника

Редовните читатели на ЕМИТЕР имаат прочитано многу написи во ова списание за тоа колку е важно еден аудио засилувач да има линеарна влезно-излезна карактеристика. Ова доаѓа од таму што со доволно линеарна влезно-излезна (преносна) карактеристика се добива релативно неизобличен сигнал на излез. Спротивно на ова се развиваат и засилувачи со многу лоша преносна карактеристика за добивање на разни ефекти.


Омнибус

RSGB IOTA – Програма Милениум; “VECTRONICS” делови за самоградба; Правила за натпреварот “ISLAND ON THE AIR”; QRP – комуникации; QRP Miles per watt distance records (*1; QSO-А / час; CQ WW DX contest 1997 резултати на македонските станици; Z3 - DXCC ранг листа; Календар на меѓународни КБ натпревари


Омнибус

Michell Gyro SE; Aria S2; Pioneer DV-717; Електрониката на интернет; Минијатурни топливи осигурувачи на Schurter; Преносливи медиуми со поголем капацитет; AV Tech AVC 304 и AVC 374; Видео LCD проектор; 36-та републичка смотра на млади техничари и природници; Оптички компјутери; Total Recall уред на новото време


Писма
LC метар AP-LC1 и хеликоидна антена
Проблеми со контролерот за лемило
Пофалби и критики
Интересни предлози