Емитер 7-8/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Со зголемување на густината на радиосообраќајот и користењето на сè повисоки фреквенции како носители на информациите, некои основни проблеми кај АМ и ФМ преносот стануваат сè поизразени. Пред сè демодулацијата на АМ сигналите станува сè полоша со слабеењето на носителот. Да не ги ни спомнуваме случаите кога тој наполно се губи (фединг). Кога станува збор за ФМ, демодулираниот сигнал станува многу изобличен, кога на влез имаме два сигнала со слична амплитуда и со иста или слична фреквенција. Многу од овие несакани појави можат да се избегнат со употребување на затворена амплитудна јамка (amplitude-lock loop - ALL).
Ова коло за прв пат е применето за подобрување на демодулацијата на амплитудно модулираниот сигнал со два бочни опсега и потиснат носител. Кај оваа модулација сигналот се губи секогаш кога модулациониот сигнал е нула. Поради ваквото варирање на сигналот, класичните демодулациони системи имаат проблем со зачувување на синхроноста во периодите на молк и нејзиното брзо воспоставување при појава на сигналот. Кај овие системи лимитирањето и филтрирањето на сигналот пред влезот во PLL склопот, успешно ги решаваат проблемите при големи амплитуди на модулациониот сигнал. Но сепак, проблемот при мали амплитуди и ниски фреквенции останува. Состојбата драстично се менува ако наместо лимитер се стави ALL структура.
Со користење на ALL, времето за кое се постигнува синфазноста, кога постои модулационен сигнал, е многу кратко, а времето за кое се губи синфазноста, кога не постои сигнал, е многу долго. Со оваа техника може да биде генериран кохерентен носител дури и во периоди на многу лош однос сигнал/шум.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.