Рубрика: Електроника
Столбна дупчалка за ППК
Автор: Борче Стојановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Една од најтешките работи при изработка на ППК, мора да признаеме ние електроничарите, е дупчењето на самата ППК. Имено тоа и мене ми претставуваше најголема тешкотија - многу издупчени дупки онаму каде не им е местото, искршени бургии и искинати и оштетени фолии. Оваа макотрпна работа ме пратеше до пред 6-7 години, кога со изработката на оваа дупчалка ставив крај на сите тешкотии. Пред тоа ги поминав сите фази низ кои повеќето постари електроничари поминале - првата плочка (некаде на почетокот на '80-тите) ја издупчив со наострена челична жица, по неколку години купив моделарска дупчалка од "Механика" - Изола, а потоа неколку години ја користев големата столбна дупчалка во фирмата каде што работам. Баш таа индустриска столбна дупчалка ми даде идеја да изработам минијатурна дупчалка која ќе работи по аналогија на неа, но која ќе служи исклучиво за дупчење на ППК.

Тоа и го сторив, па водејќи се од искуство и логичко размислување, тогашната изработена дупчалка претрпе неколку модификации и го доби конечниот изглед.

Некои од карактеристиките на дупчалката:
1. Голема прецизност на дупчење / без кирнирање,
2. Електронска континуирана регулација на вртежите од 0 до 30.000 вртежи,
3. Голем вртлив момент на електромоторот и при мали вртежи,
4. Капацитет на дупчење до 2.000 дупки на час,
5. Квалитетно издупчени дупки што се должи на големиот број на вртежи,
6. Дупчењето е лесно благодарение на добриот пренос на моментот од раката врз носачот на моторот.

Со право можам да речам дека дупчалката што ви ја презентирам е “уникат” - таа е плод на мојата долготрајна работа, анализирање и логичко размислување, не е копирана од никаде и потполно е рачно изработена освен футерот. До сега само двајца мои добри пријатели, љубители на електрониката, ја имаа таа чест да ја добијат за роденденски подарок со посвета: г-нот Петар Аврамовски и г-нот Никола Иванов. Од сега натаму, освен нас тројцата, оваа дупчалка можат да ја имаат и сите читатели на ЕМИТЕР.

Напомена: Бидејќи дупчалката работи со мрежниот напон (220VAC) задолжително треба да се изврши заштитно заземјување и изолација оклопување на деловите под напон и да се преземат сите неопходни мерки за заштита согласно важечките прописи.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК540
Печатена плочка: ППК540
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.