Емитер 9/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Следењето на сателитските програми од повеќе сателити може да се реши или со поставување на повеќе LNB-а на сателитската антена или со поставување на сателитската антена на мотор, што дава можност истата да ротира, т.е. да може да се врти кон сателитската позиција на разни сателити. Корисниците на сателитски позиционери, често се среќаваат со проблемот на изместување на меморираната позиција на антената од онаа вистинската, што резултира со слаб или комплетно отсутен приемен сигнал. Во овој напис е претставено решение за прецизна контрола при позиционирање на сателитска антена кон кој било сателит наменет за следење на ТВ и радиопрограми.
Кога станува збор за ТВ-сателитски антени што се поставени на мотор, разликуваме два вида на мотори, зависно од тоа како е изведена контролата на вртењето на истиот. Едните се познати како дисек (DiSEqC) мотори и нивната контрола, т.е. насока на вртење обично ја врши самиот сателитски приемник, преку DiSEqC протокол. Вториот тип на мотори се еднонасочни мотори чија контрола на вртење ја извршува посебен уред наречен позиционер, преку соодветна поларизација на еднонасочниот напон. Постојат и дисек позиционери, наменети за контрола на дисек мотори. На почетокот, при омасовувањето на дититалната сателитска ТВ, дисек моторите не наидоа на голема популарност поради нивната “мана” бргу да се расипуваат, но и поради повисоката цена. Поради тоа, дури и денеска помасовна е примената на еднонасочните сателитските мотори со позиционер. Позиционери има разни и обично тие не се впарени со моторот. Така може да се прават комбинации од позиционери и сателитски мотори од разни производители, со цел да се постигне посакуваниот однос на цена и квалитет.
Изглед на ППК со монтираните компоненти
Во случај на користење на мотор со позиционер, сателитската приемна антена се поставува на поларен носач. Поларниот носач и овозможува на сателитската антена да го следи Кларковиот појас, кога истата се придвижува лево или десно. Согласно конструкцијата на поларниот носач, моторот може да ја придвижува сателитската антена помеѓу две крајни точки или позиции. Зависно од потребите, односно од желбата за следење на ТВ и радиопрограми, разни корисници на сателитски антени, различно ги поставуваат, односно ги избираат крајните позиции на своите сателитски антени. Во нашиот случај, на пример, крајните позиции се 47° источно и 32° западно. Тоа значи дека моторот може да ја врти антената помеѓу овие две точки, односно лево од југ кон исток за максимално 47° и десно од југ кон запад за максимално 32°. Нормално, сигналите може да се примаат само од оние сателити коишто со своето зрачење го покриваат подрачјето на Македонија. Со поголеми приемни антени и со употреба на LNB со помал шум и поголемо засилување, можат да се примаат и сигнали од оние сателити коишто по проектираниот план на зрачење не ја опфаќаат Македонија.
Без оглед во која насока ја придвижува антената, сателитскиот позиционер ги брои вртежите на моторот и според тоа знае за колку вртежи сателитската антена ќе стаса до една или друга позиција. Како што претходно споменав, тие броења ќе станат нерелевантни согласно грешката која се јавува.
Поради тоа, решението на овој проблем лежи во наоѓањето на една референтна точка на сателитската антена, која ќе се користи како точка за калибрација, односно точка од каде што секогаш ќе почнуваат броењата на вртежите на моторот, без оглед на тоа кон кој сателит треба да се постави сателитската антена.
Уредот што може да го видите на сликата претставува компјутерски контролиран сателитски позиционер (ККСП) и овозможува да се следи принципот опишан погоре.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.