Емитер 7-8/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Многумина аматери-електроничари во своите работилници поседуваат осцилоскопи. Претежно тоа се едноканални осцилоскопи, само со најнеопходните команди, од причина што нивната цена е најприфатлива за аматерскиот џеп. И авторот на овие редови поседува едноканален осцилоскоп ISKRA MA4003. Во практичната електроника меѓутоа погодно е да се има двоканален осцилоскоп, кој дава можност истовремено да се набљудуваат два сигнала, тоа е особено погодно кога во некое електронско коло истовремено треба да ги набљудуваме влезните и излезните сигнали. Бидејќи набавката на двоканален осцилоскоп претставува голема инвестиција, а со оглед на фактот дека веќе поседувам едноканален осцилоскоп, го изработив овој едноставен електронски комутатор. Тој на едноставен и пред сè евтин начин го "претвори" мојот постоечки едноканален осцилоскоп во двоканален. Склопот е едноставен, но сепак мошне делотворен и затоа им го предлагам на сите читатели на ЕМИТЕР, кои поседуваат едноканални осцилоскопи во своите работилници. Читателите можат да го додадат овој склоп и на тој начин да го "трансформираат" својот осцилоскоп од едноканален во двоканален.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.