Рубрика: Електроника
Едноставен LED осцилоскоп SО-8 (1)
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Осцилоскопот е корисен инструмент, но заради високата цена е недостапен за повеќето електроничари. Токму затоа го подготвивме овој проект за самоградба на едноставен и евтин осцилоскоп, кој испитуваниот сигнал го прикажува на матрица од 10x10 LED диоди. И покрај својата едноставност, тој ги содржи сите функционални блокови како и големите осцилоскопи и има солидни напонски и фреквенциски карактеристики за употреба во аудиотехниката. Сепак, заради многу скромната резолуција на дисплејот, може да послужи само за детектирање на присуство на сигнал, груба проценка на неговиот облик и приближно мерење на амплитудата, периодата и фреквенцијата на испитуваниот сигнал. Но, и овие можности честопати се сосема доволни за електроничарите-аматери, а ако на ова се додаде и едукативната функција ете доволно причини да тргнете во градба на ова осцилоскопче.

Предлогот за овој осцилоскоп ни го даде нашиот редовен читател Марјан Николовски. Тој не е ни приближно рамен на она што сите ние го замислуваме кога ќе се спомне овој електронски инструмент, но како што самиот Марјан ни напиша "едноставен, евтин и лесен за изработка кој не е многу квалитетен, ама јас често го користам во својата пракса". За жал во меѓувреме ја загубивме врската со него и не успеавме да ја провериме функционалноста ниту пак да го сликаме осцилоскопот што тој го изработил. Затоа бев принудан да развијам сопствен дизајн и притоа како основа ја користев шемата што тој ни ја испрати.

Приказ на правоаголен, триаголен и синусен сигнал со интерен тригер на осцилоскопот

Осцилоскопот е вид на електронски мерен инструмент кој овозможува визуелно следење на променливи напонски сигнали во облик на дводимензионален график. Притоа потенцијалната разлика на сигналот, за која е резервирана вертикалната оска (Y оска), се прикажува во функција од времето кое тече на хоризонталната, односно X оската. Во најголем број случаи осцилоскопот се користи за следење на периодични сигнали со периода на повторување која воопшто не се менува со текот на времето или пак се менува многу бавно. Во основа секој осцилоскоп е составен од четири функционални склопови: склоп за вертикална контрола на сигналот, склоп за хоризонтална контрола на сигналот, склоп за тригер контрола и дисплеј за приказ на сигналот.

Со склопот за вертикална контрола се контролира амплитудата на сигналот. Со склопот за хоризонтална контрола е одредена временската база на осцилоскопот, а склопот за тригер контрола го одредува почетниот момент на прикажување на осцилограмот. Притоа тригер контролата може да биде со автоматски рестарт на крајот на секое прикажување или пак таа може да реагира на внатрешен (интерен) или надворешен (екстерен) сигнал. Дисплејот најчесто е катодна цевка или LCD панел.

Сите четири функционални склопови се содржани и во овој осцилоскоп. Се разбира тие се прилично едноставни, а најголемото упростување е реализирано кај дисплејот. Тој е составен од 100 лед диоди (10х10 лед диодна матрица) поради што можностите на осцилоскопот се скромни. Спор е и има мала резолуција. На него може да се следат само периодичните напонски сигнали со фреквенција која не е поголема од педесетина килохерци. Поради тоа приказот на целата ширина на дисплејот е ограничен на 20µs што одговара на фреквенција од 50kHz.

Технички карактеристики:

Напојување: 230V±10%/50Hz
Максимална потрошувачка: 0,4VA
Работна температура: +5°C ÷ +40°C
Влезна импенданса: min1MΩ
Максимален влезен напон: 100Vpp (AC или DC)

ХОРИЗОНТАЛНА ОСКА
Чекор: 10,5ms/div ÷ 2µs/div ; контуниран чекор
Фреквентен опсег на оската: 9,5 Hz ÷ 50kHz
Фрекв. подрачја на оската: 3 декадни со линеарна промена во декадата x0,1 : 950Hz ÷ 50kHz x1 : 95Hz ÷ 5kHz x10 : 9,5Hz ÷ 500Hz

ВЕРТИКАЛНА ОСКА
Чекор: 50mV/div ÷ 15V/div ; дисконтинуиран чекор
Напонски опсег на оската: 500mV ÷ 150V
Напонски подрачја на оската: 3 декадни со линеарна промена во декадата x0,1 : 500mV ÷ 1,5V x1 : 5V ÷ 15V x10 : 50V ÷ 150V
Офсет регулација: ±50% од подрачјето

ТРИГЕР
Автоматски: без тригер импулси (слободно течење по хоризонтална оска)
Интерен: тригер импулс синхронизиран со влезниот сигнал
Екстерен: - максимална амплитуда: 10Vpp - чувствителност: 1Vpp - поларитет: растечки раб - фреквентно подрачје: 1Hz ÷ 100kHz - влезна импенданса: >100кΩ

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1122
Печатена плочка: ППК1123
Печатена плочка: ППК1124
ИК: CD4017, LM3914, LM293, LF353;
Преклопници: 1x3 положби, 2x3 положби, 3x3 положби;
Потенциометри: 1k, 2k5, 100k и 500k
Приказ на синусен сигнал со автоматски тригер на осцилоскопот
Клучни зборови:

И покрај својата едноставност и малата резолуција овој осцилоскоп може да биде многу корисен.

Приказ на правоаголен сигнал со фреквенција од 10kHz.

Приказ на синусен сигнал со фреквенција од 10kHz.

Приказ на синусен сигнал со фреквенција од 200Hz.

Сите 3 плочки и преклоп-ници од осцилоскопот меѓесебно поврзани со флет кабелчиња.

Основната плочка SO-01 на осцилоскопот.

LED дисплејот SO-02 на осцилоскопот.

Плочката за побуда SO-03 на осцилоскопот.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.