ЛЕД диодите се присутни во светот околу нас уште од ’60-тите години од минатиот век, иако своето место во “мејнстрим” технологијата почнаа да го наоѓаат дури по ’90-тите години. Како и зошто толку долго се чекаше за оваа “штедлива” компактна револуција? Одговорот е мошне интересен...
Првите ЛЕД диоди имаа црвена боја, а мошне бргу потоа ја добивме и првата ЛЕД со зелена боја. Но, патот до сината ЛЕД диода не беше толку брз и едноставен. Може да се каже дури и дека создавањето на ЛЕД што ќе емитува сина светлина беше речиси невозможно, барем во наредните 20 и повеќе години од појавата на оваа технологија. Па така, во овој период примената на ЛЕД диодите остана ограничена. Тие се применуваа единствено како индикатори за вклученост на некој уред или индикатори за присуство и големина на напон или сигнал.
Видеото во прилог ја раскажува приказната за ЛЕД технологијата, за упорната работа и тврдоглавата истрајност на еден инженер, и како сево ова ја донесе ЛЕД револуцијата што ја имаме во 21 век...