При претставување на новите автомобили, особено ако и наследникот го носи истото име, често се констатира дека новиот модел нема ништо заедничко со претходникот, освен името. И новата Нубира (Nubira) не отстапува многу од тоа, но таа покрај името, од претходникот го задржува и можеби најбитниот момент, мотото со кое Корејците го направија својот пробив на светските пазари - малку пари за многу автомобил.