Рубрика: Научна фантастика
Le Voyage Dans La Lune – Патување на Месечината
Автор: Јанко Илковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По повод јубилејот од слетувањето на Месечината во 1969 и мисијата Аполо 11.

Без оглед на сите контроверзии зошто беше изведено ова најголемо патување во историјата на човештвото, а беше пред сè поттикнато од Студената војна и од натпреварот за политичка и воена пропаганда помеѓу Истокот и Западот, несомнено, не му го намалува и не може да го намали значењето на самиот потфат.

Патувањето на Месечина е сон, меч­та на човекот, небеско тело кое како виртуелна реалност е тука над нас и којзнае какви општо физички, астро­номски, но и длабоки духовни и суш­тински вредности има развиено во нас.

Не е ни иронија на квантната повр­заност на креативните сфери, туку не­каква логична следственост дека токму Французин, еден од пионерите на со­времениот филмски израз Жорж Ме­лиес, еден од пионерите на филмската уметност, ќе го сними во 1902, со не­видено огромен буџет за тоа време, некои 30 илјади франци кои денес би изнесувале преку 100 илјади евра, филм­от “Патување на месечината (Le voyage dans la lune)”

И оригиналот, како општо културно наследство на човештвото, ослободен од сите авторски права, ни е даден за навек.

Le Voyage dans la Lune- un film de Georges Méliès (1902- version restauré colorisée) from Funfilmdistribution on Vimeo.

Реставрираната рачно боена варијанта на филмот "Патување на Месечината"


Рубриката “Научна фантастика” е за­мислена како простор за ос­врти на дела од жанрот на науч­ната фан­тастика (книги, филмови ТВ серии...), за есеи за научната фан­тас­тика, но и за објавување на крат­ки НФ раскази од странски и до­маш­ни автори. Рубриката е от­во­рена за предлози, но и за пону­ди за соработка од сите кои се чувс­тву­ваат подготвени да пишу­ва­ат и да ги споделат своите дела, знаења и размислувања за научната фантастика. 

Црно-белиот нем филм на Мелиес
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.