Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Xplore - нова рубрика во Viber;
Word, Excel и Power Point во една Office апликација;
Првиот уред кој работи на Harmony OS;
Чудната црна дупка во центарот на галаксијата GSN 069;
Винилот штотуку стана пренослив;
За идните истражувачи и нобеловци;
Задолжителна опрема за секој автомобил;
Најголем регионален настан за вештачка интелигенција;
И уште еден производ за аудиофилите;
Најдобра апликација за 2019 година е белгиската Ablo;
Кристално чист звук од 360 степени;
Остани во контакт, само со твоите;
Збогум за Flash во Chrome;
До 2025 година Apple ќе лансира сателит?
Најголем регионален настан за вештачка интелигенција
На 8 ноември Белград беше домаќин на самитот за вештачка интелигенција Wonderland AI (Artificial Intelligence). Тоа е најголем настан во југоисточна Европа посветен на вештачката интелигенција. Во српската престолнина се собраа светските експерти од оваа сфера, најзвучните имиња од престижните компании – најголеми гиганти на 21 век.
“Wonderland AI Summit” понуди иновативен пристап на актуелните тенденции на полето на вештачката интелигенција, а учесниците на повеќе од 20 предавања и работилници дознаа каква е нивната примена во различни индустрии. Настанот собра повеќе од 600 учесници, околу 20 говорници, кои зборуваа колку вештачката интелигенција е присутна во производите, услугите и во навиките од секојдневниот живот.
Во рамките на еднодневната конференција, присутните имаа можност да слушнат ги некои од интернационалните експерти на полето на вештачка интелигенција. Од компанијата Facebook дојде Вишванат Сивакумар, од компанијата Google присутен беше Кристоф Сувада, а за примената и влијанието на вештачката интелигенција на онлајн-пазарот зборуваше Ричард Нокс, од најголемата аукциска платформа на светот eBay.
Гледиштето на компанијата Мерцедес-Бенц, на потенцијалите од вештачката интелигенција и нејзините ефекти во автомобилската индустрија ги пренесе Јулиан Мертен.
Wonderland AI Summit според програмата беше исполнет со предавања, дискусии и работилници кои имаа за цел да направат анализа на улогата на вештачката интелигенција во современиот контекст, како и дискусии за правецот на нејзиниот иден развој. Самитот е дел од активностите на најголемата глобална заедница посветена на вештачката интелигенција City.AI, а нејзината мисија е промоција на знаењата од областа на вештачката интелегенција, примери од добра пракса од целиот свет, како и поддршка на иноватори кои се желни своите производи во областа на вештачката интелигенција да ги покажат пред светот.
Ива Зафировска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.