Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Купувањето авион звучи како чин на некој навистина богат човек. Но, фактите говорат поинаку. Денес за неколку илјади евра, за истата сума што би ја потрошиле за набавка на автомобил и тоа од средната или ниската класа, можете да набавите и ултралесен авион во кит-комплет. Сè што ви е потребно е малку повеќе желба, мотивација и, се разбира, пилотска дозвола за да уживате во новиот механички миленик. Во овој напис ви ја откриваме приказната за тоа како еден ваков ултра-лесен авион се најде во македонскиот регистар на воздухоплови и на битолскиот спортски аеродром.
Пред да опишам за каков авион станува збор, би ја повторил дефиницијата за ултралесни авиони. Ултралесен авион е категорија на водухоплов, кој го карактеризираат мала геометрија, мала маса на инсталирана сила на погонската група, едноставни технички решенија, мала цена, едноставно ракување и поширока достапност на повеќе вљубеници во воздухопловство.
Во неколку наврати пишував за желбите и реализацијата на тоа поле во нашата Република и, секако, посебно внимание ќе посветам на ангажманот на ентузијазмот на Дејан Пеливановски од Прилеп. Многу одамна, во списанието Емитер број 1/2006 напишав текст за неговиот ултралесен авион Маја. Оттогаш па до денес, Дејан веќе го оствари своето ветување дека ќе се посвети на ултралесните авиони и веќе успешно лета со третиот по ред авион од типот ФК 12 Комет.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.