Рубрика: Омнибус
Нобелови награди за 2019
Автори: Петар Лагудин, Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нобеловата награда е основана од пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833 - 1896) за најголеми достигања во областа на физиката, хемијата, медицината, книжевноста, мирот и економијата. Со исклучок на наградата за мир, Нобеловите награди секогаш се врачуваат во Стокхолм на годишната церемонија која се одржува секојпат на 10 декември, годишнина од смртта на Алфред Нобел.

Наградата за физика ја делат помеѓу себе тројца астрофизичари. На канадскиот физичар Џејмс Пиблс (James Peebles), му припаѓа половина од вкупната сума од наградата за неговиот голем придонес на полето на теоретската астрофизика, додека другата половина ја делат швајцарските астрофизичари Дидие Кело (Didier Queloz) и Мишел Мајор (Michel Mayor) за нивната дејност во потрага по егзопланети кои орбитираат околу други ѕвезди во нашата галаксија. Подетално за овие достигнувања во текстот во списанието.

Нобеловата награда за хемија ја споделија тројца научници-хемичари за нивниот придонес во развојот на литиум-јонските батерии. Првиот е Џон Гуденаф (John Goodenough), професор на Универзитетот во Остин, Тексас, којшто е воедно и досега најстар добитник на Нобелова награда. Вториот добитник е Стенли Витингем (Stanley Whittingham), професор по хемија на Универзитетот Бингамтон во Њујорк. Третиот добитник е Акира Јашино (Akira Yoshino), јапонски хемичар на Универзитетот Меиџо во Нагоја. Во списанието може да прочитате за нивната одделна улога во развојот на литиум-јонската технологија.

Нобеловата наград за медицина ја споделија Грег Семенца од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс, Вилијам Келин од Институтот за карцином Дејна-Фарбер во Бостон  и Питер Ретклиф од Институтот Френсис Крик во Лондон. Наградата ја добија за нивната работа за тоа како клетките го чувствуваат и како реагираат на кислородот, за што може повеќе да прочитате во овој број на ЕМИТЕР.

 

Од останатите награди

Петер Хандке ја доби нобеловата награда “за неговото влијателно дело коешто со лингвистичка оригиналност ја истражи периферијата и специфичноста на човечкото искуство”.

Аби Амед Али ја добива оваа награда за “неговите напори за постигнување мир и меѓународна соработка, особено за неговата одлучна иницијатива во разрешувањето на пограничниот конфликт со соседната Еритреја”.

Нобеловата за економија ја делат тројца економисти – Абиџит Банерџи, Естер Дафло и Мајкл Кремер за “нивниот експериментален пристап кон намалување на глобалната сиромаштија”.

 

Клучни зборови:
Добитници на Нобелова награда за физика од лево на десно – Џејмс Пиблс, Дидие Кело и Мишел Мајор.

Добитници на Нобелова награда за физика од лево на десно – Џејмс Пиблс, Дидие Кело и Мишел Мајор.

Добитниците на Нобеловата награда за хемија од лево на десно – Џон Гуденаф, Стенли Витингем и Акира Јашино.

Добитниците на Нобеловата награда за хемија од лево на десно – Џон Гуденаф, Стенли Витингем и Акира Јашино.

Добитниците на Нобеловата награда за медицина од лево кон десно – Вилијам Келин, Грег Семенца и Питер Ретклиф.

Добитниците на Нобеловата награда за медицина од лево кон десно – Вилијам Келин, Грег Семенца и Питер Ретклиф.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.