Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Анализирајќи го потеклото на водата во Сончевиот систем, група истражувачи дошле до заклучок дека водата на Земјата во голема мера е “наследство”, кое, примордијалниот диск од кој настанал Сончевиот систем го добил од некоја меѓуѕвездена молекуларна маглина богата со кристали од мраз. Според тоа, водата на Земјата е постара од Сонцето, иако тоа е формирано пред да се формира Земјата. Наодот е објавен во неодамна во научното списание Science.
Потеклото на водата на Земјата е актуелен проблем за научниците, бидејќи тој е поврзан со потеклото на животот на неа, а гледано пошироко, распространетоста на “изворите” на вода во космичките простори е исто така актуелен проблем гледан од аспект на постоење услови за живот надвор од Сончевиот систем. Познато е дека нашето Сонце е старо околу 4,6 милијарди години и дека тоа е формирано пред да се формираат планетите во нашиот Сончев систем. Но, иако е така, водата на Земјата, којашто ние денес ја пиеме и во која се капеме, сепак е постара од Сонцето! До тој заклучок дојде една група истражувачи-хемичари, и тоа е официјализирано во труд објавен во научното списание Science (Наука).
Уметничка визија на начинот како примордијалниот диск, од кој се родил Сончевиот систем, се збогатил со додатно количество вода од некоја меѓуѕвездена молекуларна маглина. Детално објаснување во текстот
ПОТЕКЛОТО НА ВОДАТА НА ЗЕМЈАТА
Од каде дошла водата во Сончевиот систем? Нема сомнеж меѓу научниците дека во извесна мера таа постоела во примордијалниот диск од кој се родил нашиот Сончев систем, имено, дискот мора да содржел и кристали од лед освен само гас и прашина. Но, штом Сонцето светнало станувајќи ѕвезда, тоа со својата топлина ги растопило кристалите од лед во најблиското негово опкружување во примордијалниот диск којшто тогаш го опкружувал, претворувајќи го ледот делумно во вода и пареа, а делумно разложувајќи го на водород (H) и кислород (O). Меѓутоа, според наведеното, најново сознание, објавено од страна на група научници, целокупното количество вода во Сончевиот систем не потекнува исклучиво од матичниот примордијален диск, туку најмалку половина од вкупното количество, е наследство добиено од меѓуѕвезден молекуларен облак богат со кристали од мраз, коишто се интегрирале во примордијалниот диск од којшто се формирал нашиот Сончев систем.
Како научниците дошле до овој заклучок и со кои методи се послужиле при истражувањето може да прочитате во комплетниот текст објавен во овој број на ЕМИТЕР.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.