Рубрика: Електроника
Радиоаматерски CW-радиофар
Автор: Миле Кокотов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Радиофар (radio beacon) претставува радиопредавател поставен на позната локација, кој автоматски емитува радиосигнали со определена намена. Во минатото, радиофаровите масовно се користеле за навигација на воени и цивилни воздухоплови и морски пловила, но денес, со развојот на технолошки многу понапредната и попрецизна сателитска навигација, нивната употреба за оваа намена полека, но сигурно се потиснува. Радиоаматерите поставуваат радиофарови и ги користат за испитување на пропагациите, односно условите за простирање на радиобрановите со определени фреквенции. Во овој напис ќе биде прикажан проект за самоградба на мал CW-радиофар реализиран со помош на микроконтролерската плочка Ардуино Нано

Во светот има голем број аматерски радиофарови израбо­тени и поставени од радиоаматерски организации или поедин­ци од целиот свет, кои емитуваат сигнали на радиоаматерски фреквенции, а со тоа придонесуваат за испитување на пропа­га­циите на радиобрановите. Радиофаровите можат да се користат и за определување на дијаграмот на зрачење и засилување на изработените антени, нагодување на радио­прием­ници кои сами сме ги изработиле и слично.

Радиоаматерските радиофарови најчесто емитуваат радиосигнали со немодулирана телеграфија (CW), во радио­ама­терските фреквенциски подрачја, на некоја од фрек­венциите определени за тоа.

Радиофарот се состои од радиопредавател со соодветна антена, приклучен на електронски склоп којшто автоматски го вклучува и го исклучува емитувањето на радиопредавателот во ритам на Морзеовите знаци од кои е составена пораката што се емитува. Пораката што ја емитува радиоаматерскиот радиофар се состои од знак за идентификација, координати на локацијата и слично. На крајот на пораката се емитува едноличен тон во траење од десетина секунди, по што повторно се емитува пораката од почеток. Целиот овој циклус се повторува постојано, без престан, сè додека е вклучен радиофарот, 365 де­нови во годината.

Овој радиофар го изработив со Ardu­ino Nano и РФ-генераторот Si5351. Ардуи­но­то е искористено за управување со РФ-генераторот Si5351 и за формирање на телеграфските, односно Морзеовите знаци. Во овој случај, употребено е Ardui­no Nano, но без никаква измена, може да се употреби и Arduino UNO.

Главни елементи и материјали:

MCU плочка: Arduino Nano

Модул на сигнал генератор Si5351

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.