Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Пронаоѓањето на одредена информација побарува потреба од знаење на адресата на којашто е сместена, а тоа да се погоди е речиси невозможно. За среќа, постојат пребарувачи како Google, Bing, Yahoo и многу други, кои ни ја олеснуваат работата. Поради тоа, за да се избегне овој проблем развиени се интелигентни агенти за пребарување на интернет-страниците. Интелигентните агенти имаат таква особина и можност, при што се сметаат за нов напредок во информатиката.
Агент е ентитет кој нешто работи и тоа го работи во име на некого. Да се дефинира поимот агент е исто толку тешко како да се дефинира, на пример, поимот објект. Поимот, едноставно, е преопширен. Постојат и многу одредени дефиниции за тоа што се агенти.
Честопати наместо агент се користи интелигентен агент, со што се нагласува дека агентот мора да поседува и одредена доза на интелигентно однесување при изведување на своите задачи. Интелигентните агенти содржат одреден степен на интелигенција – ниво за донесување одлуки и учење, односно способност да прифатат кориснички изјави за целта и да вршат задачи коишто ќе се постават преку нив.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.