Рубрика: Информатика
Форум за подобрување на бизнис опкружувањето во ИТ секторот
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 26.09.2018 - 16:30

По Битола, денес и во Скопје претставниците од ИТ заедницата дискутириаа за потребните промени на законските и даночните регулативи, како и чекорите што треба да се преземат за зголемување на понудата на работна сила, а сè со цел на понатамошно унапредување на состојбите во ИТ секторот. Конференцијата - Форумот  “Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија – општествени и економски промени“ се оодржа хотелот Александар Палас во Скопје.

На Форумот се обработија и дискутираа теми поврзани со даноците и работните односи, кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, поточно даночната регулатива (данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок), работната сила (зголемување на обемот на достапна ИКТ работна сила, планирање и регрутација на работна сила, доквалификација и реквалификација на кадар) и усогласеноста на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

На средбата беа присутни претставници на бизнис заедницата, јавниот сектор, здруженијата на граѓани, и секако партнерите на МАСИТ и останатите Комори од Македонија, регионот и пошироко.

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – “Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Целта на овој проект е да се подобри усогласеноста на микро, малите и средни претпријатија со законските регулативи а воедно и да се поддржат коморите во воспоставувањето на конструктивен дијалог со надлежните институции со цел подобрување на регулативата.

Клучни зборови: