Рубрика: Аеронаутика
Борбен хеликоптер Тигар
Автор: Ивица Дамески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Хеликоптерот Тигар претставува повеќенаменска борбена платформа, со одредени стелт карактеристики, приспособена да користи палета современи оружја, со кои може да дејствува врз секаков вид цели во сите временски услови, преку ноќ и ден.

Во текот на 70-тите години од минатиот век, Франција и З. Германија, внимателно следејќи го развојот и употребата на моќните специјализирани борбено-оклопени хеликоптери од американско производство AH-1 Cobra и AH-64 Apache, заклучија дека лесните неоклопени хеликоптери Gazelle (на Франција) и Bo105 (на Германија), иако се приспособени за противтенковска борба, во иднина не ќе можат да одговорат на нивните потреби. Поради овие причини, двете држави заклучија дека треба да започнат развој на нов "чистокрвен" борбен хеликоптер, кој би се користел за противоклопна борба, борба со други хеликоптери и за непосредна поддршка. Благодарејки на сличните размислувања за развојот на идниот борбен хеликоптер, Франција и Германија во 1984 година ги здружуваат своите сили со потпишување на меморандум за заеднички вложувања во развој на нов борбен хеликоптер. Во оваа програма Франција е застапена со компанијата Aerospatiale, а Германија со компанијата MBB (Messershmitt - Boelkov - Bloham). За полесно функционирање на развојната програма и понатамошно производство, двете компании на 18 септември 1985 година ја создаваат заедничката компанија Eurocopter Tiger GmbH.
При развојот на новиот хеликоптер се водело сметка да поседува големи борбени можности и способност за борбено дејство во сите временски услови, преку ноќ и ден, а воедно да поседува и одредени стелт карактеристики. Откако е дефиниран конечниот дизајн, на 30 ноември 1989 година од Eurocopter се порачани 5 прототипови, а воедно новиот борбен хеликоптер е крстен со името Tigar...

Технички карактеристики:

Верзии: HAP - UHT
Екипаж: 2 члена
Должина на трупот: 14,08 m - 14,08 m
Дол. на трупот со топот: 15 m:/
Макс. должина: 15,80 m - 15,80 m
Височина: 3,83 m:5,20 m
Опсег на крилцата: 4,52 m - 4,52 m
Тежина празен: 3 060 kg - 3 060 kg
Максимална тежина: 6 000 kg - 6 000 kg
Макс. брзина: 315 km/h:/
Плафон: 4 000 m - 4 000 m
Долет со внатрешно гориво: 800 km - 800 km
Носивост: 1 800 kg - 1650 kg

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.