Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тркалачки лежишта за екстремни температури;
Галаксија со најгуста ѕвездена популација;
STABiLGo: моторизиран стабилизатор за GoPro камери;
Bay Trail – процесори за поевтини уреди;
На 27 септември Google го прослави својот 15-ти роденден;
Внимателно со парацетамолот;
5-ти роденден на Андроид;
GoPro Hero3+: Мало кутивче чија содржина нуди многу;
Интел и Google со нова линија на Chromebook и Chromebox;
Паметно студентско сместување;
Сигмо: персонален дигитален преведувач;
Космички облак со изглед на гасеница;
Науката низ бројки;
Електромотор Bosch SMG 180/120;
Редизајниран iPod Nano;
Дали лозинките ќе ги заменат отпечатоци од нашите прсти?;
Cambridge audio stream magic 6

Внимателно со парацетамолот
Acetaminophen, вообичаено познат како парацетамол, кој влегува во состав на многу лекови против грип и висока температура, сега е под истрага на научниците кои се занимаваат со оваа проблематика. Зошто?!
Најновите студии откриваат дека овој лек значително го зголемува ризикот од астма и егзема, а особено треба да се внимава кога се дава на деца и тинејџери. Според извештајот објавен во American Journal of Respiratory and Critical Care Medicine, децата кои земале парацетамол само еднаш месечно имале двапати почесто астма во однос на своите врсници кои не го добивале овој лек.
– Истражувањето потврди дека користењето acetaminophen кај 13, 14-годишни деца е поврзано со зголемен ризик од астма – вели Richard Beasley, автор на студијата и професор на медицина на Medical Research University во Нов Зеланд. За жал, дури и децата кои го користеле овој лек само еднаш годишно имале зголемен ризик од заболување од астма и проблеми со дишењето, што укажува на фактот дека и малите количини парацетамол не се неопасни.
Во испитувањето учествувале 300 000 деца од 13 и 14-годишна возраст од целиот свет.
Децата кои земале парацетамол само 1-3 пати годишно имале за 43% поголем ризик да заболат од астма, за 38% поголем ризик од риноконјуктивитис и за 31% од егзема.
Уште полоша е состојбата кај децата кои го земале овој лек еднаш месечно. Кај нив ризикот за астма се зголемил за 251%, од риноконјуктивитис за 239%, а од егзема за 100%.
Според истражувачите, при земањето на овој лек треба да внимаваат и постарите, бидејќи и кај нив лекот, ако се зема во големи количини или пречесто, предизвикува низа проблеми.
Лекови на база на парацетамол: efferalgan, caffetin, coldrex, daleron, fervex, grippostop, kofan, lekadol, panadol, paracetamol, rhinostop и други.
И на крајот, и нека не е сè баш така, бидете внимателни при земањето на овие лекови по кои лесно посегаме во овие променливи есенски денови.
Калина С. Андонова

Исправки и дополнувања:
Испуштен збор во “Галаксија со најгуста ѕвездена популација“

Во ЕМИТЕР бр. 10/13, на стр. 6 во текстот од кратката информација "Галаксија со најгуста ѕвездена популација" се поткрадна една печатна грешка. Во 23-от ред, гледано од горе, стои: ...Млечен Пат (100-120 светл. год. пречник), а треба да стои: ...Млечен Пат (100-120 илјади светл. год. пречник). Испуштен е зборот "илјади".


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.