Рубрика: Информатика
Сложеното на едноставен начин!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Партиционирањето, репартиционирањето, делењето партиции или нивното спојување денеска се сосема рутински постапки. Но сепак, не е секој доволно вешт, искусен и упатен во тоа. Овој текст е наменет првенствено за таа категорија компјутерџии – за да ги упати во таа постапка и да им заштеди некој денар :)!

Иако времето на FDISK, верзиите на Partition Magic под DOS и останатите алатки за слично "алување" одамна се минато, сеќавањата на нив сè уште се свежи. Ако ништо друго, се потсетуваме на нив кога вршиме партиционирање при чиста инсталација или кога некој диск сакаме дополнително да го препартиционираме, да поделиме некоја партиција или две да споиме во една.

Токму една таква постапка беше повод за овој текст – системскиот диск ми беше поделен на две партиции, на системската (C:) ми снемуваше простор, а не сакав ништо да деинсталирам. Втората (D:) немаше причина да постои, со оглед на тоа што во системот имам уште еден хард диск од 2 TB, кој ми служи како "склад". Затоа решив двете партиции да ги спојам во една и да добијам простор, а набавката на SSD со поголем капацитет да го одложам за "некое догледно време".

Увид во опциите за враќање податоци – 'пуштање вода' за да ја платите комерцијалната верзија ;)

Марфи никогаш не спие, па ни јас не знам зошто би бил исклучок. "Легалната" копија од Partition Magic, која ја поседувам од поодамна, не сакаше ни да чуе да стартува под Windows 7 SP1 64 bit, а остана доследна на каприцот и кога се обидов во компатибилен режим. Затоа, не ми остана ништо друго, туку да "прокопам" по нет во потрага по бесплатна алтернатива. Конечно, по подолго барање и испробување разни пробни верзии, кои само покажуваат како работи, но не сработуваат до крај, ја пронајдов EaseUS Partition Master 9.2.2.

Клучни зборови:

Увид во опциите за враќање податоци – 'пуштање вода' за да ја платите комерцијалната верзија ;)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.